Иванов по повлекувањето од функцијата претседател во 2019 година не е многу активен во јавноста.

Објавил: admin@magazin | 14 ноември, 2020 9:05

Ѓорѓе Иванов заедно со синот Иван го прославија големиот успех на Македонските фудбалери

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов заедно со синот Иван на плоштадот Македонија го прославија историскиот успех на македонската репрезентација која со победата од 1:0 против Грузија успеа да се пласира на Европското првенство.

Премиерот Зоран Заев на својот ФБ објави дека на владина седница е донесена одлука да бидат наградени сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10 илјади евра.

Наградите доаѓат за историскиот успех што го постигна македонската селекција, односно победата над Грузија и пласманот на ЕП догодина

,,Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство,, објави Заев кој по победата напиша

,,Македонскиот фудбал оди на Европско! Конечно, имаме историски резултат благодарение на нашата репрезентација, на нашите херои. Гордоста и посветеноста победуваат, радувај се народе’’!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести