Поради тоа, кога ќе биде во движење, дали на задолжителната прошетка, на лекар, или додека е работно ангажирана, таа постојано ќе биде во придружба на службено лице, изјави за „Фокус“ директорот на Идризово, Александар Донев.

Објавил: Владо Марин | 11 октомври, 2020 13:29

ЈАНКУЛОСКА ЌЕ РАБОТИ ВО ИДРИЗОВО: Таа ќе биде ангажирана и за сега се држи добро, нејзиниот сопруг откри ДЕТАЛИ!

Фото/Текст извор: ©galama

Поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, веќе неколку недели е во КПД Идризово. Нејзиниот сопруг, а воедно и адвокат, Влатко Илиевски, во емисијата „Стадион“ на Канал 77, вели дека неговата сопруга храбро се држи во „Идризово“.

Гордана е добро, храбро се држи, знае дека правдата е на нејзина страна, кога тогаш ќе дојде на нејзина страна. Петар е добро и тој е храбро дете и тој беше предмет на малтретирање уште пред да се роди, во овие две години и научи да живее во такви околности, изјавил Илиевски.

На прашањето споредбите со ќерката на Велија Рамковски, кои беа во слична ситуација, Илиевски вели дека такви тези слушнал многу, но според него не може да се прави компарација, бидејќи Јанкулоска не нарачала пресуди, не обвинила и не осудила никого.

За очекувањата од Судот за човекови права во Стразбур, бидејќи тој е подносител на десете апликации на дел од обвинетите од СЈО, кои бараат аболицијата на Ѓорге Иванов да важи, Ивановски вели дека очекува одлука во нивна полза.

-Ние тврдиме дека не може да се отповика помилување и дека се што е направено е спротивно на принципот на владеење на правото, но еве да оставиме на Владата да аргументира зошто мисли дека може, рече Илиевски.

Тој појаснува дека Јанулоска не била аболицирана од Иванов за случајот „Тенк“, а за кој издржува казна, но најавува дека и за овој случај ќе покрене постапка пред Стразбур. Тој вели дека ќе ја тужат судијката Добрила Кацарска за пристрасност.

Појаснува дека на Јанкулоска и било скратено правото за правично судење и дека од почеток до крај, постапката била неправична.

Гордана Јанкулоска се уште се наоѓа во приемното одделение, но од вторник ќе биде сместена во затвореното одделение, објавува Фокус.

Оваа одделение е поделено на да три третмански групи, V1-1, V-2 и V-3, кои се разликуваат по слободата на движење внатре во установата. Јанкулоска, пак најверојатно ќе биде сместена во групата V-3.

-Бидејќи станува збор за поранешен висок функционер, стручниот тим процени дека за неа постои висок безбедносен ризик.

Поради тоа, кога ќе биде во движење, дали на задолжителната прошетка, на лекар, или додека е работно ангажирана, таа постојано ќе биде во придружба на службено лице, изјави за „Фокус“ директорот на Идризово, Александар Донев.

Тој додава дека Јанулоска се изјаснила дека сака да работи, дека сака да биде ангажирана и во внатрешниот весник на затворот, поради што и додека ги извршува овие обврски ќе биде во придружба на вработен во затворот.

Тој појаснува дека проблем постои околу нејзиното сместување во просторија, бидејќи тука нема ќелии, туку соби во павиљони, во кои осудените слободно се движат од соба во соба!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести