По изјавата на Јанчев, сосема е јасно дека ВМРО - ДПМНЕ било во право што ги исклучиле од партијата, но неизвесно врз кои пратеници сега ќе бидат уцените, заканите и обидите за откуп

Објавил: Мартин Попоски | 27 ноември, 2018 14:42

Јанчев: Заедно со Тодоров ќе му помогнеме на Заев против Мицкоски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По премиерот и претседател на СДСМ, Заев, се огласи и Јанчев, кој не само што ја потврди средбата туку ги изнесе и деталите дека е точно дека се бара пратеник плус за поддршка за уставни измени.

Митко Јанчев, доскорешен потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ, за ТВ24 изјави дека тој и Никола Тодоров ќе му помогнат на премиерот Зоран Заев против опструкциите кои ги планира претседателот на опозицијата, Христијан Мицкоски, кој според него, имаат за цел да ги саботираат уставните измени.

Градоначалникот на Кавадарци потврди дека во саботата во Струмица заедно со поранешниот министер Тодоров се сретнале со Заев на негово барање.

Ветивме помош против опструкциите од страна на Христијан Мицкоски во делот на уставните амандмани во интерес на државата. Тоа ќе биде транспарентен процес без задни намери за никого.

Јас како Митко Јанчев очекувам што повеќе пратеници да се вклучат во процесот на уставни измени се со цел да се подобри Договорот од Преспа и да се зајакне идентитетот за доброто на сите граѓани на Република Македонија. – вели Јанчев за ТВ 24.

На средбата на Заев со двајцата исклучени неодамна исклучени од својата матична партија воопшто не бил споменат притворот на Сашо Мијалков, вели тој.

За него, тоа е процес кој го водат правосудните институции и во кој тој и Тодоров немаат намера да се мешаат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести