Тој смета дека во новото Обвинителство треба да се задржат ресурсите од сегашното СЈО во смисла на буџет и кадар.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 јули, 2019 20:07

ЈОВЕСКИ: “Обвинителството будно го следи настанот за наводна наредба за бришење на податоци во СЈО”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во интервју за Канал 5, рече дека Јавното обвинителството будно ги следи информациите за наводна наредба за форензичко бришење на податоци во Специјалното јавно обвинителство и доколку дојде до цврсти сознанија ќе презема соодветни мерки согласно законот.

Јовески во интервју за Канал 5, за предметот „Рекет“, вели дека Обвинителството интензивно работи на овој случај. Тој смета дека во новото Обвинителство треба да се задржат ресурсите од сегашното СЈО во смисла на буџет и кадар.

-Јас не сум за тоа овие ресурси да се изгубат, туку со интегрирањето на ова Обвинителството со Јавното обвинителство за организиран криминал и копрупција да се задржат овие ресурси во рамките на новото Јавно обвинителство, рече Јовески.

За наводна наредба за форензичко бришење на податоци во Специјалното јавно обвинителство, државниот обвинител вели дека обвинителството бурно го следи овој настан.

-Обвинителството будно го следи овој настан. Од една страна доаѓаат информации дека се врши форензичко бришење на определени компјутери во т.н. СЈО, но оттаму уследи и еден демант дека не се врши бришење на податоците. Како што е познато ние имаме оформен предмет, тоа е во делот на истрага за овие две кривични дела и доколку обвинителството дојде до цврсти сознанија дека навистина се бришат определени податоци во тој дел ќе презема соодветни мерки согласно законот, вели во интервју за Канал 5 телевизија, државниот јавен обвинител Јовевски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести