Јоханес Хан истакна дека бара поголем буџет за ЕУ и инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за членките. Но во неговата матична земја, Австрија, Народната партија на поранешниот премиер Себастијан Курц (ОВП), од која доаѓа, не сака да плаќа повеќе во буџетот на Унијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 септември, 2019 12:00

Јоханес Хан бара повеќе пари за ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јоханес Хан, идниот еврокомесар за буџет и администрација, побара додатни пари за трошоците на земјите членки на ЕУ.

Идниот еврокомесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за членките.

Јоханес Хан истакна дека бара поголем буџет за ЕУ и инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за членките. Но во неговата матична земја, Австрија, Народната партија на поранешниот премиер Себастијан Курц (ОВП), од која доаѓа, не сака да плаќа повеќе во буџетот на Унијата.

–Постојат одредени задачи што мора да ги исполниме , а тука се и желбите на членките. Фокусот е на заштита на надворешната граница и изградба на ефективна агенција за заштита на границата од околу 10 000 луѓе. Не може тоа да се направи без пари – рече Хан во интервју за виенскиот весник „Остерајх”.

Јоханес Хан, претходно пет години односно од 2014 година ја извршуваше функцијата комесар за проширување, откако претходно пак беше на позиција еврокомесар за регионални прашања.

Јоханес Хан е роден на 2 декември 1957 година. Тој е австриски политичар кој работел како европски комесар за европска политика за соседство и преговори за проширување од ноември 2014 година. Претходно тој беше европски комесар за регионална политика од 2010 до 2014 година и како австриски министер за наука и истражување од 2007 до 2010 година

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести