За потсетување порталот Економски Лидер каде токму новинарот Златев е уредник беше првиот кој ја објави аудио бомбата на која се слуша како Дудуш киднапира, тепа и се заканува на човек во неговата канцеларија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 октомври, 2019 12:09

Љупчо Златев на распит во МВР за случајот со Курто Дудуш

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По налог на ОЈО, утре во 12 часот сум на разговор во полиција затоа што како уредник на “Лидер” ја објавив снимката на која се слуша како градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш, киднапира и тепа човек, пишува новинарот Љупчо Златев на Фејсбук.

Фејбук статус на новинарот Љупче Златев

-Да драги, според обвинителството на Јолевски, не е проблем тоа што овој крвник тепал човек, проблем е што некој го снимил и снимката ми ја дал мене. Изворот никогаш нема да го откријам. А Јовески, кој буквално е во љубовна врска со власта, нема да ме замолчи и покрај тоа што неговите политички ментори го бараат тоа од него во предизборието!, додава Златев.

За потсетување порталот Економски Лидер каде токму новинарот Златев е уредник беше првиот кој ја објави аудио бомбата на која се слуша како Дудуш киднапира, тепа и се заканува на човек во неговата канцеларија.

Свиркачот, кој е вработен во општината и вели дека повеќе не може да го трпи однесувањето на градоначалникот, ја даде целата снимка на Лидер од 18 минути од кое е извадено 2 минутното парче кое го објавивме вчера.

-Насилникот тепа, а вели дека вас ќе ве тужел. Обвинува дека било монтирано, а јасно се гледа дека тепал. Тргнати беа само деловите во кои има и други луѓе, некои му помагаат во тепањето, а некои го одвраќаат. Еве ви го цело видео. Вели дека ќе тужел и кажува дека тепаниот е осуденик, а тој го избра да му биде најблизок соработник. Сега го тепа. Кој е Куцо да тепа? Полиција? Суд? Еве ви го целото видео. Нека видат сите каков човек е! – вели свиркачот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...