Москва и Вашингтон наскоро би можеле да започнат меѓусебна соработка и поддршка за борба против коронавирусот, а во тек се разговори за овие теми.Имено пред еден месец во медиумите одекна веста дека Трамп и Путин за состојбата на пазарот на нафта а разговорот следел по иницијативата на американската страна.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 мај, 2020 23:03

ЌЕ ЈА УБЛАЖИ ЛИ КОРОНАВИРУСОТ ТЕНЗИЈАТА ПОМЕЃУ СВЕТСКИТЕ СИЛИ? Русија и Америка размислуваат за соработка во борба против пандемијата!

Фото/Текст извор: ©информер.рс

Русија и Соединетите држави ја разгледуваат можноста за соработка по повод пандемијата на вирусот корона, изјави за ТАС Сергеј Рјабков, рускиот заменик министер за надворешни работи.

Москва и Вашингтон наскоро би можеле да започнат меѓусебна соработка и поддршка за борба против коронавирусот, а во тек се разговори за овие теми.

– Прашања за помош и соработка во рамките на специјалните агенции од оваа област се на агендата на нашиот дијалог – рече Сергеј Рјабков.

Имено пред еден месец во медиумите одекна веста дека Трамп и Путин за состојбата на пазарот на нафта а разговорот следел по иницијативата на американската страна.

Претседателите разменија мислења за глобалната состојба на нафтениот пазар, вклучително и договор на ниво на ОПЕК плус за намалувањето на производството на „црно злато“.

Исто така, Трамп го извести Путин за неговите контакти со водачите на земјите што произведуваат нафта. Трамп и Путин се согласија да ги продолжат руско-американските консултации на оваа тема.

Лидерите разговараа и за активности што Русија и САД ги преземаат во борбата против ширењето на вирусот корона.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.