Тој додаде дека Србија „ги потиснува Хрватите и Бугарите“ и „гледа како да ги асимилира и да ги протера“ од Србија.

Објавил: Весна Петровска | 7 јули, 2022 18:35

Џамбаски: Нема место за Србија во ЕУ

Фото/Текст извор: ©sloboden pecat

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски смета дека нема место за Србија во Европската унија бидејќи српските политичари „прават провокации во Косово и во Босна и Херцеговина“.

„Нема место за оваа Србија во Европската унија. Тоа е истата таа Србија која прави провокации во Косово. Тоа е истата таа Србија која прави провокации во Босна и Херцеговина. Тоа е истата таа Србија која ја поддржува руската пропаганда за време на војната во Украина. Тоа е истата таа Србија која го поддржа најголемиот руски шпионски центар во Европа, кој се наоѓа во Ниш. Претпоставувам дека го знаете тоа“, рече Џамбаски во говор во Европскиот парламент.

Тој додаде дека Србија „ги потиснува Хрватите и Бугарите“ и „гледа како да ги асимилира и да ги протера“ од Србија.

„Србија, која ја спроведува политиката на Кремљ и Путин, нема место во Европската унија. Сфатете го тоа“, рече бугарскиот европратеник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.