Претседателот до сега не потпиша повеќе од 20 закни и ги врати назад до Собранието.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 март, 2019 12:00

Џафери ќе го чека новиот претседател за потпис на законите кои ги врати Иванов

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Додека трае кампањата за претседателските избори, Собранието ќе одржи само седница на која повторно ќе се  гласа за законите кои претседателот во заминување Ѓорге Иванов не ги потпиша, пренесе тв Нова.

Претседателот до сега не потпиша повеќе од 20 закни и ги врати назад до Собранието.

Се чека новиот претседател за потпишување на повеќе од 20 закони кои Иванов ги одби.

Исто така се блокирани и закони кои беа донесени со двотретинско мнозинство. Иако ваквите закони не треба повторно да се усвојуваат, сепак тие ќе го чекаат потписот на новиот претседател за да бидат објавени во „Службен весник“.

Доколку престојните избори не бидат успешни поради недоволен цензус, во тој случај Талат Џафери би станал и в.д. претседател на државата. Тој на новинарското прашање поврзано токму со тоа што доколку изборите не се успешни, одговори дека ќе стави потпис на сите закони кои до сега ги одбил Иванов.

Според Талат Џафери ваквото однесувањена Иванов било очекувано, и можело да се предвиди уште по усвојување на Законот за јазиците.

-Иванов ја попречува институцијата Собрание и не е потребно дополнителен  коментар на оваа тема, кажа Џафери.

Инаку Џафери денеска на средбата со новинарите апелираше на фер и демократски избори.

За потсетување, Собранието на вчерашната 94 седница усвои повеќе закони кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише,  меѓу кои законите за електронски комуникации, за ОТА и за данокот на додадена вредност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести