Првостепена пресуда за убиството во Битола кое го потресе Македонија

Објавил: Узунов Бобан | 12 март, 2019 13:45

18 години затвор за полицаецот-убиец од Битола

Фото/Текст извор: ©магазин

Основниот суд во Прилеп го осуди на 18 години затворска казна битолскиот полицаец Енвер Тоска, за свирепото убиство на својот сограѓанин, 36-годишниот Алили Бекир.

25-годишниот Тоска вчера на првото рочиште од судскиот процес против него, го призна делото и изрази жалење до семејството на жртвата. 

Тој е осуден дека на 14 септември затоа што минатата година го убил Бекир и го запалил неговото тело за да ги скрие доказите. Ова е едно од најтешките и најсвирепо извршени кривични дела, убиство од член 123, став 2. Казната за ова кривично дело е од 10 години до доживотен затвор. 

Енвер Тоска, бил добро познат за полицијата уште пред да стане припадник и да ја облече сината униформа.Според неофицијална верзија за настанот, Енвер.Т заедно со сега убиениот заедно заминале да купуваат автомобил. Енвер потоа го застрелал, му ги земал парите и го запалил автомобилот.  Инаку Енвер Тоска често објавувал слики со функционери на ДУИ на соцјалните мрежи

Официјалната верзија за настанот е дека на денот пред убиството, Тоска преку социјалните мрежи го информирал Бекири дека ќе му помогне да купи возило, за кое Бекири подолго време се интересирал во прилепско.

Откако Тоска го информирал Бекири за цената, заминале на пат, при што и првичните информации од истрагата но и блиски до семејството Бекири говорат дека тој со себе понел поголема сума пари, помеѓу 10 и 25.000 евра. 

Во прилепското село Беловодица, настанала расправија со умисла од убиецот, кој започнал разговор дека сеуште не е во можност да ги врати позајмените пари од Бекири. Бекири се согласил да почека уште малку, но Тоска го при разговорот воден во возилото на Бекири го извадил службениот пиштол и испукал 4 куршуми во Бекири.

По убиството, ги украл парите а врз мртвото тело на Бекири ставил волнена капа, по што го полил со бензин и го опожарил местото. 

Нешто пред полноќ, СВР Битола и надлежните органи на прогонот веќе имале сознанија кој е убиецот, но сепак дозволиле согласно правилата Тоска да ја започне својата трета смета со цивилно возило на МВР за проверка и контрола за користење на опојни средства и дрога.

Инцидентот се случил на 14 септември во 16:30 часот. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести