Новите случаи се забележани во: Скопје – 16, Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, Прилеп, Штип и Свети Николе – по 2, Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1.

Објавил: Владо Марин | 30 јули, 2021 13:59

74 нови случаи на Ковид-19, двајца починати и 17 оздравени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 74 нови случаи на Ковид-19, при направени 4.582 тестови. Оздравени се 17 пациенти, а двајца починале.

Новите случаи се забележани во: Скопје – 16, Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, Прилеп, Штип  и Свети Николе – по 2, Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1.

Од двајцата починати, едно лице било од Скопје, а другото од Кичево. И двата пациенти биле постари од 60 години и починале во болнички услови, информираат од министерството.

Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 156.299, бројката на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 456.

Досега во државата се направени 971.395 тестирања на Ковид-19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...