Aкадемик Ќулавкова: Откажете ја постапката за промена на името МАНУ, Преспанскиот не наметнува промена на името на МАНУ

Објавил: Узунов Бобан | 27 август, 2019 9:15

Aкадемик Ќулавкова: Откажете ја постапката за промена на името на МАНУ, нечиј друг интерес е тоа !

Фото/Текст извор: ©магазин

Преспанскиот договор не наметнува промена на името на Македонската академија на науки и уметности, вели академик Катица Ќулавкова, додавајќи дека нечиј друг интерес е тоа МАНУ да стане „Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ“.

Отпор е неопходен за да се осуети целосната ентропија на државава и на македонските национални институции. Откажете ја постапката за промена на името на Македонската Академија на Науките и Уметностите. Преспанскиот не наметнува промена на името на МАНУ. Нечиј друг интерес е тоа, вели академик Ќулавкова.

Собраниската Комисија за oбразование, наука и спорт денеска ќе дискутира за Предлог – законот за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите.

Во моментот во Ману се случува судир помеѓу слободно мислечките академици и групата која поради идеолошки причини или лични бенефиции од власта ги поддржува позициите на Зоран Заев и Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести