Славески од позиција на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации дели безбедносни сертификати по желби а вработува по сопствено убедување

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 октомври, 2018 8:13

Kласифицирани информации ги чуваат аматери, партиски пионери

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Продолжува уништувањето на безбедносниот сектор на државата и самоволието на власта на СДМ и Заев.

Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ), Стојан Славески, си вработил негови блиски лица во ДБКИ без претходно за нив да бидат извршени безбедносни проверки и да добијат безбедносен сертификат, како што налагаат законите.

Се чини дека за Славески, кој важи за кадар на Радмила Шекеринска, поважна е партиската подобност отколку безбедносната подобност на лицата кои ги вработува надвор од секаква процедура.

Можеби ова не треба да изненадува премнгу, затоа што ако се види профилот на Славески, ќе се забележат безброј партиски кореографии, а секој негов настап во улога на државен функционер е уредно забележан и на страната на Либерал Демократската партија, во која пребега од неговата матична партија СДСМ.

Исто така, мора да се напомене дека Славески, беше во центарот на уште еден голем скандал со безбедносни сертификати, каде што вклучени беа и Шекеринска и раководителот на Военото Разузнавање.

Имено, човекот кој Радмила го постави за раководител на военото разузнавање, повеќе од пет години не можеше да добие безбедносен сертификат, а Славески по назначувањето за директор на ДБКИ, му го издаде за помалку од една недела.

Ваквото незаконско постапување и манипулацијата со безбедносните сертификати е сериозно прекршување на безбедносните процедури и мора да биде истражено од надлежен орган.

Дополнително, Славески е потписник и на НАТО и ЕУ безбедносните сертификати кои ги издава нашата држава, и се поставува прашањето дали со неговите постапувања по партиска директива или лично самоволие, не ги нарушува позициите на Македонија со партнерите?

И дали стратешките партнери се свесни каков човек е надлежен да се грижи за безбедноста на нивните класифицирани документи, ако тој во сопствената институција каде што директорува работи вон сите безбедносни процедури?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ова се однесува за 58 илјади домаќинства, кои се приклучени на најголемиот систем во Град Скопје. За оние кои топлинска енергија добиваат од Скопје-Север или го користат „железарското греење“, сметките минимално ќе се намалат.

СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ПОВИСОКИ ЗА 4,5 НАСТО

Со првиот ден на ноември цената на парното греење се зголемува за 4,51 насто. Ова се однесува...

Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за Радио слободна Европа.

Петте станови на Груевски проценети на 1,9 милиони евра

Откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски...

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски нема конфликт на интереси, велат од СДСМ.

СДСМ: Антикорупциска потврди дека нема конфликт на интерес кај Ковачевски

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски...

На иницијатива на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, и во директен контакт со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се изнајде решение на предизвикот за обезбедување чартер лет за граѓаните од регионот. Со вчерашниот лет, кој беше организиран и платен од Владата на Република Македонија, покрај тоа што во Скопје долетаа преостанатите 67 наши државјани кои побараа помош, со истиот лет, Владата на Република Македонија излезе во пресрет и обезбеди трансфер на седум албански, седум црногорски и тројца бугарски државјани.

Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република ж Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата на повеќе начини, меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија.

Владата на Република Македонија внимателно ги следи случувањата во Израел преку Министерството за надворешни работи, кое што е во редовен контакт со македонската Амбасада во Тел Авив.

Владата тврди дека ги евакуирала сите патници со „Аир Србија”

Со чартер летот организиран и платен од страна на Владата на Република Македонија,...