Како што пишуваат француските медиуми, Францускиот министер за природна средина Франсоа де Ружи, кој важи за близок соработник на претседателот Емануел Макрон, поднесе оставка по извештаите за скапи вечери платени од државни пари и злоупотреба на субвенционирани станови.

Објавил: Весна Петровска | 19 јули, 2019 18:51

Mинистер си поднесе оставка бидејќи платил вечера со сопругата со службена картичка

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Да се биде политичар е многу одговорна функција и треба да се биде пример за секој граѓанин, но могумина политичари својата фунцкија ја злоупотребуваат па се расфрлаат со државни пари на сите страни. Така и министерот за животна средина на Франција поради злоупотреба на својата фунцкија си даде оставка.

Како што пишуваат француските медиуми, Францускиот министер за природна средина Франсоа де Ружи, кој важи за близок соработник на претседателот Емануел Макрон, поднесе оставка по извештаите за скапи вечери платени од државни пари и злоупотреба на субвенционирани станови.

Порталот „Медијапарт“ објави фотографии од Де Ружи и неговата сопруга, во скап ресторан како уживаат во скапа вечера со скапо вино и јастози во време додека тој бил претседател на парламентот.

Порталот тврди дека вечерата на сметка на даночните обврзници била приватен настан, додека поранешниот министер се брани дека вечерата била во рамките на неговата работа во Националното собрание.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести