Анализата за загадениот воздух и непреземањето конкретни мерки од надлежните, во целост ја изработи граѓанската иницијатива за чист воздух О2, а Магазин ја пренесува во целост

Објавил: Мартин Попоски | 5 декември, 2018 13:47

O2 Иницијатива: Негрижа е да не работат 20 мерни инструменти

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Вкупно 20 инструменти не работат, со што ако еден чини 15.000 евра, тогаш само за да се заменат ќе чини 300.000 евра.

За да се постават основните мерења на сите постоечки станици, како за PM2.5, озон, CO, SO2, тогаш потребни се уште 225,000 евра. Само за постоечкиве да се стават во состојба како треба, тоа е 1/3 од буџетот за борба против аерозагадувањето. Ако се обезбедат уште неколку нови мерни станици, резервни делови, тогаш ќе дојдеме и до повеќе од 2/3 од буџетот за борба против аерозагадувањето. 2/3 само за мерењето да е задоволително, што е основа без која не смее. 

Влада на Република Македонија, каде се конкретните мерки, за да се намали тоа што е детектирано, измерено?

Во меѓувреме, заменик министерот за животна средина Макрадули изјавува дека споредбено со претходните 2 години, во 2018 година постои намалување на бројот на загадени денови.

Статистиката која е дадена е за PM10, просек од мерни станици, број на денови над дозволените 50 µg/m3 и највисока регистрирана загаденост за 2016, 2017 и 2018 во периодите 1 јануари – 30 ноември.

Јавната комуникација во услови на аерозагадување кое го загрозува здравјето на граѓаните е одговорна работа“, беше укажано пред некој ден од советник на Претседателот на Владата за односи со јавност. Како што не е добро да шириме паника кај граѓаните, ако е неоснована, но со оглед на степенот на загадувањето и неговото долготрајно присуство, тешко може неоснована паника да се шири, не е добро да се манипулира со податоците за да се прикаже подобрена состојба. Мешање ПР од страна на Владата и промовирање на Планот за чист воздух на сметка на стручност и точно информирање на јавноста чие здравје е загрозено со нивото на загадување кое го имаме, не смеело да се случи. 

Оваа квази-статистика не смеело да се објави, а осбено не смеело МЖСПП да ја сподели на својата страна. Зошто?

Од оваа статистика се исклучени станиците кои покажуваат историски највисоки вредности, најголема загаденост со PM10, Лисиче и Гази Баба.

По која основа, не е јасно. Ако се исклучени по основ дека нема податоци за нив, Лисиче од октомври, Гази Баба од август, што е крајно неприфатливо, особено што предизборно беше ставено како приоритет, голем број од другите мерни станици кои се земени за споредба имаат големи „дупки“ во податоците.

Не ни е јасно како Лисиче не се земало за споредба, но Велес 2 да?

 Годишна статистика и споредување на податоци не е можно, кога има толкави “дупки” во мерењата. Ако веќе се споредува, треба да се земат месечни споредувања само каде има податоци.

Самите МЖСПП во својот „Извештај за оценка на квалитетот на воздухот во РМ за периодот 2005-2015 година. – велат За одредени загадувачки супстанци, не беше возможно да се направи статистичка анализа на трендовите, поради недостатокот на квалитетни податоци од мониторингот, и недоволна покриеност за анализираниот период.

Хорничен проблем кога мерењето е во прашање во државава, кое го прави споредувањето невозможно во најголем број на случаи.

Не се факторирани податоци како температура, брзина и насока на ветер, количина на дожд, снег, температурна инверзија. Овие фактори ја менуваат состојбата драстично, ако има ветер, загаденоста е мала, ќе ја оддува, ако има поголема количина на дожд и снег, повторно ќе има намалено загадување, ќе го спушти на земја, потопли зими, пониска концентрација на PM10, итн.

Не може да правите споредба за три години, потполно да ги игнорирате овие фактори и да излезете во јавност со изјава дека споредбено со претходните 2 години, во 2018 година постои намалување на бројот на загадени денови. Крајно манипулативно и непрофесионално од министерство од кое се очекуваат издржани и точни анализи и статистики, не брза пропаганда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...