Ниеден политичар или историчар не може да ги разбере ирационалните барањата на бугарската држава.
Бугарија е фашистичка држава, окупатор во Втората светска војна која треба да го признае македонското малцинство

Објавил: Владо Марин | 17 октомври, 2020 13:08

Бугарија е фашистичка држава, окупатор во Втората светска војна која треба да го признае македонското малцинство

Фото/Текст извор: ©нова македонија

Дури и да не ѝ се надомести на Македонија за бугарската окупацијата преку воена репарација, која е меѓународна обврска, останува моралната одговорност на бугарската држава. Бугарија како европска земја, како членка на слободарска Европа има морална обврска да му се извини на македонскиот народ за окупацијата во Втората светска војна. Само тогаш македонско-бугарската комисијата за историски прашања ќе може да продолжи со својата работа!

Како молња од небо се појави информацијата за нов договор со Бугарија за која претседателот Стево Пендаровски изјави дека би можело „да се потпише декларација за реафирмирање на вредностите врз кои почива Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, но вонпамет е да разговараме за нов договор или за уставни измени.

Меѓутоа, со сета почит, претседателот Пендаровски греши. Македонија треба да побара нов договор, според кој Бугарија ќе се обврзе да ги почитува одлуките на Париската мировна конференција од 1947 година и на Бледскиот договор од 1947 година.
Според Париската мировна конференција, Бугарија како членка на Тројниот пакт и сојузник на нацистичка Германија и фашистичка Италија треба да ѝ плати на Југославија 25.000.000 долари воена репарација. Следствено, Бугарија може бесконечно шумно да разгласува дека не била окупатор, меѓутоа САД, Велика Британија, Франција и Советскиот Сојуз мислеле поинаку кога ја донеле одлуката.

Исто така не треба да се заборави дека на Македонија како членка на поранешната југословенска федерација ѝ следува дел од ова финансиско обесштетување. Бледскиот договор беше потпишан помеѓу Јосип Броз Тито и Георги Димитров.

Според овој договор, Бугарија се обврзала да им обезбеди услови на Македонците во Пиринска Македонија за слободен национален, економски и културен развој, а Југославија изјавила дека се откажува од воената отштета. Но Бугарија не ги исполни ниту двата договора, иако станува збор за нејзина меѓународна обврска.

Ако се земат предвид историските факти, бугарската држава бара од македонско-бугарската комисија за историски прашања да ја смени светската, а не македонската историја. Ние не можеме да одиме против светската историја.

Доколку Бугарија и понатаму настојува да ја менуваме светската историја, ние немаме потреба да разговараме со Бугарија, затоа што ние само ја читаме светската историја, а таа вели дека Бугарија била фашистичка држава, окупатор во Втората светска војна, треба да исплати воена оштета и да го признае македонското малцинство. Ова треба да бидат принципите за понатамошни преговори со Бугарија.

Дури и да не ѝ се надомести на Македонија за бугарската окупацијата преку воена репарација, која е меѓународна обврска, останува моралната одговорност на бугарската држава. Бугарија како европска земја, како членка на слободарска Европа има морална обврска да му се извини на македонскиот народ за окупацијата во Втората светска војна. Само тогаш македонско-бугарската комисијата за историски прашања ќе може да продолжи со својата работа!

Не треба да очекуваме дека многу брзо Бугарија ќе го промени своето однесување затоа што таа беше речиси стотина години тоталитарна држава. Тоталитарниот менталитет не може да се промени за три децении колку што Бугарија е „демократија“. Изразот демократија е намерно во наводници затоа што бугарското општество не покажува демократски дух.

Затоа сме сведоци на поништувањето на регистрацијата на македонската партија во Бугарија ОМО Илинден – Пирин, откако во 1999 година на локалните избори освои пет градоначалнички места!

Следствено се поставува прашањето кој гласал за ОМО Илинден – Пирин, некои духови или? Одговорот е очигледен – Македонците во Бугарија!

Забраната на македонската партија од страна на бугарската држава не треба да нѐ зачудува, затоа што Бугарија по својата сушност е квазифашистичка, слично како Франкова Шпанија, која го гонеше и забрануваше искажувањето на баскиската национална свест.

Ниеден политичар или историчар не може да ги разбере ирационалните барањата на бугарската држава.

Најверојатно и никогаш нема да ги разбере затоа што станува збор за психолошки проблем. По сѐ изгледа со бугарските државнички барања и ставови треба да се занимава психологијата, а не политиката и историјата.

Доколку Сигмунд Фројд денес би бил жив, најверојатно ќе речеше дека станува збор за психолошки проблем што предизвикува негативно однесување.

Во случајот со бугарската држава, психолошкиот проблем се вика Санстефанска Бугарија или Обединета Бугарија, комплекс што бугарската држава се обидува да го лекува преку нас Македонците.

Далибор Станковиќ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...