Бучковски во периодот од 2004 до 2006 година му помогна на Црвенковски да стане претседател на Македонија а на Заев градоначалник на Струмица, па сега тоа го "наплаќа"

Објавил: Мартин Попоски | 14 октомври, 2018 13:37

Бучковски иден амбасадор во САД, затоа што го направи Бранко претседател а Заев градоначалник?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Според неформалниот список на министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, името на избрканиот член на СДСМ, Владо Бучковски е резервирано за амбасадорското место во САД.

Имено поранешниот пратеник, поранешен министер за одбрана на Македонија, поранешен премиер на Македонија, поранешен претседател на СДСМ и за малку поранешен осуденик во аферите “Тенковски делови” и “Маѓар Телеком”, Владо Бучковски е потенцијалниот кандидат за амбасадор на Република Македонија во Соединетите Американски Држави.

Како тоа избрканиот член на СДСМ преку ноќ е номиниран за толку висока функција?

Бучковски беше трет последователно променет претседател на Влада на Македонија и трет претседател на СДСМ по оставките на Црвенковски и Костов, и Црвенковски и Шекеринска.

Бучковски е професор – доктор по “Римско и современо заложно право” при Правниот факултет во Скопје и е одамна на политичката сцена. 

Во периодот од 1987 година до 1988 година Бучковски работел како стручен соработник во Собранието на Социјалистичка Република Македонија. Во 1988 година преминува да предава на Правниот факултет каде до 1998 година работи како асистент. Во 1998 година е избран за доцент по предметот Римско право, а во 2003 година и за професор.

Во периодот од 1998 до 2000 година Бучковски е член на Државната изборна комисија а од 2000 до 2001 година е претседавач на Советот на град Скопје.

Краток период од 13 мај до 26 номеври 2001 година е министер за одбрана на Македонија во широката коалициска влада. И тука започнува ангажманот на Бучковски во извршната власт кој е полн со афер.

По победата на СДСМ и неговите коалициони партнери на парламентарните избори 2002 година СДСМ оди во коалиција со реформираните терористи сега под велот на нивното политичко крило познато и како ДУИ или Демократска унија за интеграција.

Бучковски покрај двете мега ефери “Тенковски делови” и “Маѓар Телеком” е посочен за директно одговорен за сомнителен трансфер на 50 милиони денари од Министерството за одбрана на сметка на сметка на МЗТ ФОБ на денот на падот на Кингерот на претседателот Борис Трајковски, за што се смета дека се првите пари за кампањата на Црвенковски за иден претседател но е и човекот кој во 2005 година и покрај противењето на Црвенковски дозволува Заев за прв пат да се кандидира за градоначалник на Струмица.

На 1 ноември 2002 година Бучковски станува член на Владата и ја врши функцијата министер за одбрана.

На оваа функција додека Владата на СДСМ менува премиери а самиот СДСМ претседатели, се задржува до декември 2004 година.

На 15 септември 2003 година е именуван и за претседател на Правниот совет на Владата.

Од првичните реакции за новиот закон за територијална поделба е позната онаа од 22 јули 2004 година во Струга кога Бучковски е жестоко нападнат од над 5.000 граѓани.

Улогата на Бучковски во Струга беше партика а не владина, тој беше таму да го убеди раководството на СДСМ Струга да излезе од кризниот штаб за опстанок на општина Струга при што стружани ги нарече хулигани.

На ова народот возврати нервозно па Бучковски помина 6 часа затворен во седиштето на СДСМ Струга и со акција на специјалните полициски сили со хеликоптер беше ослободен и префрлен во Скопје.

Реакцијата на македонските безбедносни служби беше проследена со шок бомби, солзавец но и гумени куршуми а по акцијата Бучковски заедно со Црвенковски но и скопскиот градоначалник Ристо Пенов беа прогласени за непожелни личности во Струга и неготово име беше напишано на ѕидот на срамот.

На 26 ноември 2004 година е избран за нов претседател на СДСМ.

Истиот ден му е доверен и мандат за формирање нова Влада по оставката на претходниот премиер, Хари Костов, а на 15 декември 2004 година законодавниот дом го избира на функцијата претседател на владата на која останува се до август 2006 година.

Бучковски освен што е осомничен за четири афери, во 2004 година по изјавата дека по новата територијална поделба која беше на референдум бојкотирана од неговата Влада изјави дека граѓаните на Струга се хулигани, по што се соочи со гневот на народот а од седиштето на СДСМ беше извлечен со полициски хеликоптер.

До тогаш на сите им е јасно дека Владата на СДСМ и не функционира како што треба но се чекаат изборите 2006 каде СДСМ доживува изборен дебакл.

По изборниот пораз од Бучковски се бара оставка од претседателското место во СДСМ но тој го одбива тоа.

На конгресот на партијата од 7 октомври на Бучковски му е изгласана недоверба и тој е принуден да се повлече од претседателското место.

Веќе следната година започнуваат јавно и преку органите на судството и обинителството да се отвораат постапки за Бучковски.

Една е онаа од 1 август 2007 година кога притив него е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената должност и нанесени 3 милиони евра штета во касата на министерството за одбрана, извршени 2001 година кога тој беше министер.

Пресудата е донесена на 9 декември 2008 година по 13 месечен судски процес во кој е осуден на 3.5 години затворска казна која никогаш не ја одлежа.

Во 2012 година е исклучен од редовите на СДСМ. Што се случи?

Бучковски е познат и по аферата “Маѓар телеком” не само онаа “Тенковски делови”. Во телекомуникациската ортачи со Али Ахмети и Муса Џафери со кои според изказите пред суд на Слободан Богоевски поделиле по 2.5 милиони евра мито од Димитрис Кондоминас, пари кои требало да обезбедат на Маѓар телеком монопол на мобилниот пазар а за кој закон и препораки кон ЕУ изготви Шеќеринска.

Tука не смее да се изостави фактот дека во тој период директор на Управата за безбедност и контраразузнавање е Миле Зечевиќ кој таму бил од 2004 до 2006 година а денес го гледаме во улога на организациски секретар на СДСМ.

Имено да не беше Бучковски, ни Црвековски ќе станеше претседател на Македонија, ни Заев градоначалник на Струмица.

Бучковски по дебаклот на изборите во 2006 година е принуден да поднесе оставка од претседателското место во СДСМ а набрзо е и избркан од партијата по иницијатива на Шекеринска. Деновиве неговата партија е коалициона партија на Заев, по што Бучковски иако сеуште обвинет, е кандидат за иден амбасадор на Македонија во САД, наградно, од Црвенкковски и Заев.

Факт е и дека токму Бучковски ја одобрува и потпишува кандидатурата на Заев за неговиот прв градоначалнички мандат на општина Струмица во 2005-та година.

Во врска со аферата “претседател на Македонија” стојат следните факти.

Од старата проверена гарнитура на Бучковски е и координаторката на советничката група на СДСМ во скопската општина Карпош, Магдалена Несторовска, именувана за државен секретар при министерството за внатрешни работи на Македонија.

Несторовска на јавноста и е позната по тогаш “хуманиот” гест кога на 26 февруари 2004 година на денот кога во близина на Мостар падна авионот во кој животот го загуби македонскиот претседател Борис Трајковски, неговата делегација и екипажот, во својство на државен секретар во министерството за одбрана на Бучковски одобрува и реализира решение на Владо Бучковски како министер на тој ресор за итно префрлање на 50 милиони денари од министерството за одбрана на фамозната МЗТ ФОП.

Нешто подоцна македонските медиуми ова го толкуваат како први финансии за кампањата на Црвенковски за неговата кандидатура за претседател на Македонија.

Несторовска тврди дека само ја вршела својата секојдневна работна обврска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести