Во три декади самостојна Македонија, министер за правда нема информации до каде се уставните измени, но знае дека утре ќе бидат доставени на гласање во Собранието

Објавил: Мартин Попоски | 1 ноември, 2018 11:04

Дескоска потврди, АСНОМ се брише

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерката за правда, Рената Дескоска, потврди дека АСНОМ ќе се брише од Преамбулата на Уставот на Република Македонија, и дека во истата ќе се цитираат само одредени Одлуки.

Дескоска претходно иако има востановено законска пракса, избегна да биде дел од поднесувачите во име на Владата на уставните измени.

Во преамбулата на Уставот ќе се конкретизираат актите на АСНОМ, рече министерката за правда, Рената Дескоска на конференција во Охрид за реформите во судството. Дескоска рече дека се правеле консултации за предлозите на пратениците кои ги поддржале уставните измени во Собранието.

Во делот на преамбулата она што јас сум информирана дека бил тек на разговори со Грција е практично конкретизирање на актите на АСНОМ, односно да не се подразбира Манифестот кој што значи повикување на национална борба во соседни држави и од тој аспект, беше воведувањето на македонскот народ за одлуките на АСНОМ. – рече министерката.

Воедно најави дека Владата утре на последниот ден од законскот рок ќе ги достави амандманите.

Рокот е утре до кога Владата треба да му ги достави нацрт-амандманите на Собранието. Вчера се правеа некои консултации за кои не сум во тек. Она што беше консултација со осумте пратеници во опозицијата, кои ги поддржаа уставните измени, беше договорено внесување на член кој ќе го гарантира идентитетот на македонскиот народ. Постигнавме заеднички договор тоа да биде во рамките на нормативниот текст, каде што во еден од членовите кои ќе се менуваат ќе биде ставена гаранција за идентитето на македонскиот народ. – рече министерката за правда, Рената Дескоска, на конференцијата.

Таа потенцира дека за помирувањето во Собранието до вчера не било прецизирано каков ќе биде составот и дека се прават консултации со политичките партии кои се во парламентот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ова се однесува за 58 илјади домаќинства, кои се приклучени на најголемиот систем во Град Скопје. За оние кои топлинска енергија добиваат од Скопје-Север или го користат „железарското греење“, сметките минимално ќе се намалат.

СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ПОВИСОКИ ЗА 4,5 НАСТО

Со првиот ден на ноември цената на парното греење се зголемува за 4,51 насто. Ова се однесува...

Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за Радио слободна Европа.

Петте станови на Груевски проценети на 1,9 милиони евра

Откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски...

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски нема конфликт на интереси, велат од СДСМ.

СДСМ: Антикорупциска потврди дека нема конфликт на интерес кај Ковачевски

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски...

На иницијатива на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, и во директен контакт со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се изнајде решение на предизвикот за обезбедување чартер лет за граѓаните од регионот. Со вчерашниот лет, кој беше организиран и платен од Владата на Република Македонија, покрај тоа што во Скопје долетаа преостанатите 67 наши државјани кои побараа помош, со истиот лет, Владата на Република Македонија излезе во пресрет и обезбеди трансфер на седум албански, седум црногорски и тројца бугарски државјани.

Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република ж Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата на повеќе начини, меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија.

Владата на Република Македонија внимателно ги следи случувањата во Израел преку Министерството за надворешни работи, кое што е во редовен контакт со македонската Амбасада во Тел Авив.

Владата тврди дека ги евакуирала сите патници со „Аир Србија”

Со чартер летот организиран и платен од страна на Владата на Република Македонија,...