Магазин дознава од дипломатски извори, дека министерот за надворешни работи Никола Димитров наскоро ќе ја напушти Македонија и заминува на ново работно место како виш советник и аналитичар во “Брукингс Институтот“ во Вашингтон. Оваа понуда за нова кариера во Америка, министерот Димитров ја добил во преиодот пред потпишувањето на Преспанскиот договор, лично од поранешната амбасадорка на САД во НАТО, Викторија Нуланд, која сега исто така е дел од овој институт и од нејзината колешка Аманда Слоут, за која се збори дека делумно помагала во пишувањето на договорот со Грција. Министерот Димитров веќе остварил и неколку разговори со одговорниот менаџер на овој истражувачко-политички институт, за позицијата, за работните обврски, како и за месечната плата која би му изнесувала околу 12-14.000 долари бруто. Димитров оваа своја бекап опција му ја соопштил и на премиерот Заев на почетокот на март оваа година, откако видел дека дефинитивно тој нема да биде кандидатот на власта за претседател на државата, понуда на која искрено се надевал и ја очекувал после ставањето на својот потпис за “Северна Македонија“ на Преспанскиот договор. После ваквиот развој на настаните Димитров се почувствувал еднократно искористен и бил разочаран, наведува нашиот извор. Истовремено, министерот Димитров не се чуствувал и најкомотно меѓу своите сонародници во државава заради поларизираната атмосфера која се создаде после потпишувањето на Договорот од Преспа, кој за многу Македонци е спорен и понижувачки.
“Брукингс Институтот“ е невладина тинк-тенк организација сместена во Вашингтон која се занимава со истражување и креирање на политики во делот на американската внатрешна политика, меѓународните односи, економијата и глобалните безбедносни предизвици кои се во сферата на интересот на Соединетите Американски Држави. Институтот има околу 200 домашни и странски (визитинг) експерти, но важи за поблизок до Демократската партија и во него се ангажирани добар дел на поранешни советници, дипломати и пензионирани генерали кои биле блиски соработници на поранешниот претседател Барак Обама и Хилари Клинтон.
Министерот Димитров лани, за време на кампањата за референдумот за смена на уставното име со паролата “За европска Македонија“, посети повеќе градови во државата и ги убедуваше граѓаните дека со гласањето ЗА, на земјата и се отвараат големи развојни и економски перспективи, како и работни места за младите, но очигледно е дека со заминувањето од Македонија, која тој со потпис ја прекрсти како “Северна“, ни тој самиот не верува во тие перспективи штом “си бега“ во Америка. Инаку и семејството на министерот Димитров не живее во Македонија, туку во нивниот стан во Холандија, за каде минатата година и неговата најстара ќерка по кратка постапка доби висока владина стипендија од 40.000 евра за секоја година од нејзиното студирање.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.