Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец и истиот особено на југоисток повремено ќе засилува.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 март, 2021 7:38

АКТУЕЛНА НАЈАВА: ОД НЕДЕЛА ГОЛЕМ ПОРАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ НА ВОЗДУХОТ И ПРОДОР НА ТОПЛА ВОЗДУШНА МАСА – ДЕТАЛИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Само локално ќе има нешто повеќе облачност но врнежи не се очекуваат.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец и истиот особено на југоисток повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 2 до 11 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 8 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Повремено облачноста локално ќе се зголемува а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималните дневни температури ќе бидат во пораст, особено од недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...