Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град, па затоа ВНИМАНИЕ.

Објавил: Владо Марин | 25 јули, 2020 16:15

АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Фото/Текст извор: ©Meteoalarm

Денес во текот на попладневните часови како и во текот на ноќта на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град, па затоа ВНИМАНИЕ. 

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

Потоа и утре ќе се задржи променливо облачно време, локално особено од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има и во понеделник, иако атмосферата ќе биде релативно стабилна.

Целосно стабилизирање на времето ќе имаме од вторник кога ќе бидеме под влијание на многу топла воздушна маса која ќе услови МНОГУ ВИСОКИ температури на воздухот, истите на средината од следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...