По разрешување од министерската позиција, Роберт Алаѓозовски се вдоми во Владата на Заев.

Објавил: admin@magazin | 4 јуни, 2018 14:49

Алаѓозовски стана советник на Заев

Фото/Текст извор: ©

Поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски е назначен за национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Алаѓозовски беше министер за култура од 1 јуни 2017, а новата функција ја најави на денешното примопредавање на министерското место на Асаф Адеми, кој доаѓа од Беса.

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски за сдк.мк изјави дека за функцијата на Алаѓозовски е потребно именување од Владата, и наскоро треба да биде објавена во Службен весник.

Адеми, кој во Министерството за култура денес дојде заедно со актерот од Македонскиот народен театар, Висар Вишка, рече дека ќе биде министер за сите, без разлика на нивната етничка, партиска и верска припадност.

„Ќе се потрудам да креирам унитарен културен идентитет за сите и да градам мостови на културна соработка меѓу сите заедници и сите граѓани во Република Македонија“, рече Адеми на примопредавањето на функцијата.

Адеми по професија е градежен инженер, досега бил управен директор на канцеларијата на меѓународната компанија ИНСКЕЈЛ Глобал во Скопје, а има и дипломатска кариера како поранешен амбасадор во Данска. На изминатите локални изброи лани беше кандидат на Беса за градоначалник на Гостивар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.