Меѓу најопасните организирани криминални групи на светот е и албанската мафија а на прво место се мексиканските наркокартели

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 август, 2018 6:18

Албанската мафија меѓу петте најопасни во светот држи 75% од пазарот со дрога

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според експертите за борба против криминалот најозлогласена е мексиканската мафија. Поделени се во кланови меѓу кои најбројни се Браво и Зетас кои често се во борба со картелот дел Норесте. Не се двоумат да извршат масовни убиства мачења киднапирања.

Албанска мафија или Албански организиран криминал се општите термини кои се користат за разни криминални организации лоцирани во Албанија или составени од eтнички Aлбанци. Албанските криминалци се значително активни во САД и во земјите на ЕУ но и разни други делови на светот вклучувајќи го Блискиот Исток и Азија.  Албанската мафија учествува во разновиден опсег на криминални “претпријатија” кои вклучуваат трговија со дрогиоружјелуѓе и човечки органи. Во Албанија има повеќе од 15 мафијашки семејства кои го контролираат организираниот криминал. 

По мексиканската е италијанската која е исклучително моќна и опасна. Коза Ностра – Гомора – Калабреси се само дел од имињата на овие организирани групи. Покрај трговија со дрога се занимаваат и со рекет подмитување и илегални кладби со годишен приход од повеќе десетици милијарди долари.

На трето место е руската мафија. Солнтсевскаја братва е мрежа од десет одвоени групи кои делуваат независно додека целата организација ја водат 12 лица. Се фокусираат на соработка со тајните служби а се специјализирани за киднапирања и трговија со луѓе за сексуално робје.

Американските гангстери и учичните банди се на четврто место на најопасните мафијашки здруженија. Посебно се опасни Крипси афроамериканска банда од Лос Анџелес. Најмногу се занимаваат со убиства грабежи и трговија со дрога.

На високото петто место на најопасните мафии е албанската. Tаа е составена од кланови во кои крвното сродство и браковите имаат посебна важност. Меѓународните ексерти тврдат дека токму во рацете на оваа мaфија е 75 проценти од светскиот пазар на дрога.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести