Што прави Езгијан Алиоски? Во ексклузивното интервју за  швајцарскииот "Блувин", поранешниот напаѓач на Лугано зборува за неговиот нов живот

Објавил: Македонка Димкин | 29 март, 2019 23:28

Алиоски: Никогаш не сум размислувал за друга репрезентација, за мене постои само една репрезентација – и тоа е македонската

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски дефинитивно со секој репрезентативен настап ја воодушевува македонската спортска јавност. По неговите извонредни игри за репрезернтацијата на Македонија, но и во дресот на англискиот Лидс, во едно интервју,  швајцарските медиуми со прашалник како се случило да испуштат еден таков фудбалер, кој е одрастен во Швајцарија.

Што прави Езгијан Алиоски? Во ексклузивното интервју за  швајцарскииот “Блувин”, поранешниот напаѓач на Лугано зборува за неговиот нов живот, за неговиот голем сон и за одлуката да игра за македонската репрезентација.

„За мене постои само една репрезентација – и тоа е македонската , вака го започнува своето интервју Македонецот Алиоски.  Никогаш не сум размислувал за друга репрезентација, но да бидам искрен кога почнав да играм за Македонија во тоа време јас играв во Шафахаузен а тогаш во Швајцарија имаше подобри играчи од мене. Иинтересот на Швајцарците се појави  откако веќе пружав квалитетни игри во Лугано, но тогаш веќе бев стандарден репрезентативец на Македонија за која со гордост играм“ – вели Алиоски во изјава за швајцарските медиуми и дополнува:

„Нашата заедничка цел е сега да играме на ЕП 2020. Владее одлична атмосфера во репрезентацијата како никогаш претходно. Сите сме мотивирани и желни за победи“.

Понатаму Алиоски вели дека воопшто не размислувал кога пристигнала понудата од Лидс.

„Моја желба отсекогаш беше да играм во Англија, и кога пристигна понудата од Лидс со задоволство ја прифатив. И не погрешив. Сега сум пресреќен во овој клуб“ – вели македонскиот репрезентативец.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...