Како што објавија првиот тест е позитивен. Резултатите од вториот тест треба да бидат завршени во текот на денот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 март, 2020 15:59

АМЕРИКА НА НОЗЕ: БОЛСОНАРО ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС- Трамп го пречека во резиденцијата пред неколку дена!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, е позитивен на коронавирусот, јавуваат локалните медиуми.

Како што објавија првиот тест е позитивен. Резултатите од вториот тест треба да бидат завршени во текот на денот.

Високиот официјален претставник на бразилската влада, кој ги посети САД пред неколку дена и беше во близок контакт со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс, е позитивен на вирусот корона, пренесуваат бразилските медиуми.

Претходно беше објавено дека неговата секретарка е позитивна на коронавирус. Таа беше на службено патување во САД. Потсетуваме, минатиот викенд, американскиот претседател Доналд Трамп беше домаќин на бразилската делегација предводена од Болсонаро во неговата резиденција на Флорида.

Болсонаро ја минимизираше сериозноста на инфекцијата во средата.

„Други грипови убиваат повеќе од ова“, рече бразилскиот претседател пред два дена, велејќи дека опасноста е претерана.

Патем, високиот функционер на бразилската влада кој ги посети Соединетите држави пред неколку дена и беше во близок контакт со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс е позитивен за коронавирусот.

Според некои медиуми, тој  и неколку други високи функционери во делегацијата се под надзор.

Сепак, Трамп рече дека не е загрижен.

„Да го кажам ова на мој начин: Не сум загрижен“, рече Трамп и додаде дека слушнал дека и асистентот за комуникации е заразен, но дека „тие не правеле ништо невообичаено“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.