Ахмети продолжува да се заблогодарува за Преспанскиот договор

Објавил: Узунов Бобан | 27 јануари, 2019 16:17

Ахмети му пиша и на Нимиц: Дојде денот драг Мет, бидна !

Фото/Текст извор: ©фокус / магазин

Како што кажа и ти самиот, кога се постигнува компромис, ниту еден не излага танцувајќи, но јас се чуствувам комотен со постигнатите резултати и сум уверен дека овој историски договор ќе ги постави темелите на взаемната доверба и добра волја и ќе им служи добро и на Скопје и на Атина на патот кон заедничката иднина, пишува лидерот на ДУИ Али Ахмети во писмо до медијаторот Метју Нимиц.

Во продолжение писмото од Ахмети до Нимиц:

„Поздрав драг Мет,

 Во 2012 година, еден мој голем американски пријател ми сугерира да отпатувам во Соединетите Американски Држави, веднаш по пропаѓањето на тогашните напори за решавање на спорот со името со Грција. Му ветив дека откако ќе ја завршиме изборната битка за локалните избори следната година, ќе направам напори да отпатувам преку океанот.
Нимиц 23 години посредуваше меѓу грчко-македонскиот спор и помина многу влади, премиери и министри за надворешни во двете земји. Сепак, впечаток во јавноста е дека Преспанскиот договор е резултат на притисок на западните сили, пред се САД и Германија, отколку успешната медијација на американскиот дипломат.

На почетокот на мај 2013 година, стигнав во Вашингтон каде имав серија на официјални средби, но и средби со истакнати американски дејци по однос на прашањата за Југоисточна Европа.

Моите соговорници во Стејт Департментот, во Конгресот, во Пентагон и во Белата Куќа ми рекоа дека мојот американски пријател им го порачал следново:

„Послушајте го Али затоа што тој е многу загрижен штом решил да дојде до тука“.И навистина, ме слушаа со внимание.

Потоа отпатував за Њујорк, на средби со британската, американската и француската мисија при ООН, за да ја завршам мојата посета на САД со средбата што ја имав со тебе, драг Мет.

Охрабрувајќи те да ги продолжиш напорите кон решение, тој ден ти реков дека ќе влезеш во историјата, дека ќе се паметиш како човекот кој што изгаси едно големо кризно жариште, овозможи мир, сигурност, стабилност и иднина за мојата земја.

Еве каде сме денес, победници. Можеби истрошени, но победници. Посветени низ годините и невремето, но драг мој пријателе, се заврши и оваа работа.

Ние сме се среќавале често и двајцата никогаш не го изгубивме нашиот фокус за да го тргнеме овој тежок камен од нашите плеќи, ова силно стегнато јаже околу нашите вратови што не држеше во заложништво скоро три децении.

Како што кажа и ти самиот, кога се постигнува компромис, ниту еден не излага танцувајќи, но јас се чуствувам комотен со постигнатите резултати и сум уверен дека овој историски договор ќе ги постави темелите на взаемната доверба и добра воља и ќе им служи добро и на Скопје и на Атина на патот кон заедничката иднина.

Заедно го постигнавме овој видлив успех кон нашата цел за да ја интергрираме земјата во НАТО и во Европската Унија. Но, пред нас останува предизвикувачки пат на кој што ние остануваме целосно посветени преку заедничко делување одлучно да ја браниме слободата и заедничките вредности за човечките слободи и права, демократијата, солидарноста и владеењето на правото.

Ова е навистина вековно постигнување и огромен напредок, но имаме се уште работа пред нас за да го наречеме целосен успех. Тоа ќе го кажеме кога ќе се построиме рамо до рамо со нашите сојузници при големото евроамериканско семејство на НАТО.  Јас знам дека ти ќе бидеш со нас и во тој момент, и во тоа достигнување.

Сакам да ти се заблагодарам многу за твоето инсистирање и за целосната поддршка низ сите овие години кон конечното завршување на овој спор помеѓу два соседи. Твојата посветеност комбинирана со истрајноста и разбирањето на околнистите во нашите две земји придонесе кон овој позитивен резултат. Изразувам благодарност и до генералните секретари на ООН за нивната посветеност и придонес низ годините.

Пишав долго пријателе мој затоа што јас, во ова патешествие, го следев мојот преродбенички завет за припадност кон западот, додека ти ги следеше човечките вредности прегрнати од страна на светските демократии и сметам дека двата наши поттици беа целосно компатибилни и совпадливи.

Дојде денот драг Мет да ти речам, бидна!

Ти посакувам многу здравје и семејна среќа“, пишува Ахмети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...