Шведскиот дипломат повторно со црни сценарија во екот на преговорите Белград - Приштина

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 август, 2018 8:51

Билд заплашува: “Ако Србите и Албанците направат договор ќе исчезнат Македонија и Албанија”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се додека нема нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина нерешеното косовско прашање ќе ги ограничи потенцијалите на двете страни и стабилноста во регионот оценува бившиот шведски премиер Карл Билд и истакнува дека “затоа идејата за нова поделба на територија одново е акутелна”.

Дискретно српските и албанските политички лидери ја истражуваат можноста да се помират со своите разлики во врска со размената на територии – наведува тој во текст за “Вашингтон Пост” додавајќи дека таа идеја не е нова и дека циркулира веќе со години во Блград но дека од неодамна привлекла внимание во водечките албански кругови.

“Тука може да постојат повеќе верзии. Косово би можело да го отстапи подрачјето северно од Ибар населено главно со Срби и да стекне дипломатски плусови а можно е да добие и доминантно албанско население на југот на Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ размислувал во тој правец а и албанскиот Еди Рама делува расположен како што ми кажа за време на разговорот.” – вели Билт.

Тој сепак смета дека иако дискурсот полека се движи кон нови поделби во регионот тоа е “рецепт за геополитичка нестабилост” бидејќи Балканот “и онака е премногу балканизиран”.

Билт вели дека има и такви кои во Брисел и Вашингтон би можеле да се согласат околу размената на територија помеѓу Србија и Косово зошто ние да имаме забелешки.

Тој сепак смета дека таквиот пристап може да предизвика неволји во иднина.

“Несомнено компромис мора да се најде помеѓу Белград и Приштина за да се унапредат европските и атлантските интеграции на двете земји. Тоa може да вклучи и степен на децентрализација за српските делови на Косово и може да значи прием на Косово во ОН.” – наведува тој.

Постепената интеграција на Србија и Албанија во ЕУ и НАТО сите на база на постоечките граници и ограничувања се единствен пат кон трајна нестабилност во регионот. Играњето со границите и поделбите на Балканот би биле опасни како во раните 1990-ти и останува така и сега.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.