Бројот на смртни случаи како резултат на ковид-19 се зголеми за 5.514 на скоро 1,05 милиони, пренесува агенцијата ТАС.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 октомври, 2020 12:02

Бројот на заразени во светот надмина 36 милиони: Најтешко погодена Северна и Јужна Америка, во Бразил за 24 часа 26.087 пациенти

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вкупниот број на заболени од корона со вирус во светот надмина 36 милиони, откако беа потврдени 338.779 нови случаи во текот на претходните 24 часа, објави Светската здравствена организација.

Бројот на смртни случаи како резултат на ковид-19 се зголеми за 5.514 на скоро 1,05 милиони, пренесува агенцијата ТАС.

Според последните податоци на СЗО, вкупниот број на пациенти со ковид-19 во светот е 36.002.827, додека 1.049.810 пациенти починале како резултат на болеста.

Деловите во светот кои се најсилно погодени од пандемијата се Јужна и Северна Америка, каде во претходните 24 часа биле потврдени 112.715 нови случаи и 2.785 смртни случаи. На второ место е Европа, каде што 96.996 лица биле заразени со вирусот корона и 944 починале.

Зад Европа е Азија, со нови 89674 случаи на ковид-19, од кои починале уште 1.158 пациенти.

Најголем број случаи на коронавируси од почетокот на пандемијата е потврден во САД (7.419.230), Индија (6.835.655), Бразил (4.969.141), Русија (1.260.112), Колумбија (869.808), Шпанија (835.901), Перу (832.468), Аргентина (824.468), Мексико (769.558) и Јужна Африка (683.242), соопшти СЗО.

Статистиката на СЗО се заснова на официјално потврдени податоци од одделни земји.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...