Тој посочува дека проблем во прегворите не е само Гоце Делчев, туку и другите теми од помодерната историја

Објавил: Весна Петровска | 1 октомври, 2019 17:02

Бугарските историчари се жалат на македонски колеги – разочарани сме од нивната „неконструктивност“

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Бугарските историчари се жалат дека нивните македонски колеги ја кочат работата на комисијата за историски и образовни прашања. Последнивте две средби, вели претседателот на бугарскиот тим Ангел Димитров, биле без резултати, токму поради непопустливоста на македонската делегација, пренесува Сител

Тој посочува дека проблем во прегворите не е само Гоце Делчев, туку и другите теми од помодерната историја.

Не е само Гоце Дечев, тоа е е само пример на големите спорови во интерпретација на минатото. Нашите колеги постојано бегаат од темата на Илиденското Востание.

Димитров бара комисијата да се состанува почесто, со агенда и рамка која ке донесе конкретни резултати. Тој им префрла на колегите од Македонија дека не го разбрале Догворот за доброседство и не сакаат да работат тој да се исполни. Следната средба на комисијата е закажана за 15-ти октомври, а премиерот Борисов апелираше таа да се одржи и порано.

Бугарските историчари разочарани од „неконструктивноста“ на македонските колеги

Од македонскиот експертски тим не го коментираат ставот на бугарскиот преставник во комисијата , ниту пак заканите кои вчера пристигнаа од државниот врв во Софија. Претседателот Радев по консултативната средба на највиосоко ниво, порача дека процесот на интеграција на Македониај во ЕУ ке биде директно условен со напредокот во работата на мешовитата комисија за историски и образовни прашања.

За потсетување, Бугарија го наметна Гоце Делчев како услов за датум за земјава.

-Бугарија направи сè и тие летнаа во небо. Сега ќе треба да прават компромис во комисијата и со антибугарската реторика“, ова го изјаву Борисов откако го кажа условот за датумот за нашата земја.

Борисов, на прашањето кога ќе стартуваат пристапните разговори на Унијата со Македонија, го стави Гоце Делчев во залог.

„Тие имаат многу за поправање. Не ме разбирајте погрешно, но додека се спори Гоце Делчев дали е Бугарин или Македонец, херои кои всушност се бореле за Бугарија и за Македонија, за родниот крај, и најубавите ни песни се поврзани со нив… И опозиција ќе ме праша што прави Комисијата … Нека зреат“, рече Борисов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести