Продолжува вакцинацијата во Македонија!

Објавил: admin@magazin | 18 април, 2021 13:05

ВАКЦИНАЦИЈАТА НА ВОЗРАСНИТЕ ГРАЃАНИ СЕ ОДВИВА СО ДОБРА ДИНАМИКА ВО ЦЕЛА ДРЖАВА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во изјава за медиуми информираше за текот на вакцинацијата во А1 арената „Борис Трајковски“, каде во моментов се одвива вакцинација на граѓани помлади од 75 години.

– Салата Борис Трајковски продолжува да работи како четврти пункт за вакцинација во Скопје и сите граѓани кои уште на почеток беа пријавени, а се на возраст под 75 години, односно 73 и 74 години ќе се вакцинираат тука во салата во следните денови.

Вакцинацијата ќе биде со вакцините кои ни се на располагање. Спутник В тоа што останаа по завршување на вакцинирањето на критичната инфраструктура, дел од вакцините на Астра Зенека и донацијата од на ОАЕ а тоа е кинеската вакцина.

Направен е распоредот, нешто поразвлечен заради тоа што сепак станува збор за постари граѓани, некои од нив доаѓаат со придружба, а согласно динамиката како ќе се одвива ќе се прави распоредот и за следните денови. Добро се одвива целокупниот процес на вакцинација и во салата Борис Трајковски, а и ширум пунктовите во државата, рече министерот Филипче.

Потврден е и точниот датум на пристигнување на кинеските вакцини во количина од 200.000 дози и истите се очекува да ги добиеме на 28 април со што ќе се забрза динамиката на вакцинацијата и со истите ќе се опфати и поголема група граѓани.

-Следните вакцини на почеток на следната недела ги очекуваме од на компанијата Фајзер, според најавата на 19 април, 10.000 вакцини, на 26-ти уште 10.000 и има потврдата од кинеската амбасада дека кинеските вакцини треба да ги очекуваме околу 28-ми април, посочи изјави министерот.

Што се однесува до состојбата во болниците, тој посочи дека после оној мини пик, како што беше  голем притисокот на почеток на неделата, бројките сега се мали.-

-Вкупниот број новодијагностицирани повторно бележи пад, тоа сето го гледаме и во болниците како во Скопје, така и ширум државата. Тој притисок што го имаше претходно го нема. Се уште има пријави и се уште сме внимателни заради тоа што има голем број дијагностицирани пациенти на кои може да им затреба болнички третман меѓутоа не е таква бројката на приеми каква што беше пред една недела. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и дека дефинитивно ова се знаци дека и овој бран стивнува, посочи министерот Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...