Добро позната инфлуенсерка од Македонија, ќерка на политичар од соседната земја, е уапсена на Миконос за учество во криминална организација која растурала кокаин и ХТЦ во ноќните клубови на островот на ветровите, пишува Прототема.

Објавил: admin@magazin | 8 јули, 2022 15:25

ВИДЕО: Македонска инфлуенсерка уапсена на Миконос како дел од скопски дилерски клан

Фото/Текст извор: ©sloboden pecat

Ќерка на политичар, млада манекенка која била член на бандата е уапсена заедно со познат либански диџеј кој живее на островот Миконос, пишува грчкиот портал Прототема објавувајќи серија фотографии од девојка за која тврди дека е манекенка од Македонија, пишува Слободен печат!

-Добро позната инфлуенсерка од Македонија, ќерка на политичар од соседната земја, е уапсена на Миконос за учество во криминална организација која растурала кокаин и ХТЦ во ноќните клубови на островот на ветровите, пишува Прототема.

инфлуенсерка миконос оле петрова (1)
Фото: Принтскрин / protothema.gr

Во криминалниот круг кој безбедносните сили на Миконос го „уништи“, како што открива Прототема, покрај „експлозивната 21-годишна русокоса, уапсен е и 34-годишник -водач на скопскиот картел, неговата десна рака – 35-годишен сонародник, како и добро познат либански диџеј кој доаѓа од добростоечко семејство, со постојано живеалиште во Атина, кој летото го поминува на Миконос и купувал кокаин од скопската банда“.

-Искусните службеници на Миконос Секјурити успеаја, по добиените информации, да влезат во трага на скопскиот дилерски круг чии членови се претставувале како придружници и ја служеле со кокаин клиентелата на космополитскиот остров, пишува порталот.

Според сознанијата за случајот презентирани од protothema.gr, полицијата извесно време го надгледувала групата. Според сознанијата на порталот, тимот од Скопје имал различни улоги во набавка и дистрибуција на опојната дрога.

-Конкретно, 34-годишникот како водач на кланот, по негова наредба и под негово водство, ги упатувал своите соучесници каде да ја чуваат дрогата, како и начинот на кој да ја направат достапна на пазарот и ги собирал парите од продажба, додека 35-годишниот со помош на импресивната 21-годишна инфлуенсерка, чиј татко е политичар од соседната земја, а мајка адвокатка, ги пронаоѓала клиентите, објавува порталот

Понатаму тие пишуваат дека „искусните полицајци на Миконос секјурити, средата утро го одредиле како ден за рација „за да ги фатат инволвираните во кругот и да стават крај на нивната дејност“.

инфлуенсерка миконос оле петрова (1)
Фото: Принтскрин / protothema.gr

-Тие се набљудувани од рано наутро откако дознале дека „тројката“ дилери подготвувала куфери за да се пресели од сместувањето каде што престојувале во непознат правец за да си ги покријат трагите, па решиле да интервенираат. Во 14:55 часот додека десната рака на водачот возејќи изнајмен мотоцикл отишла да го пречека во продавница во Клувас каде што бил со русокосата инфлуенсерка, тие извршиле рација и ги уапсиле. При извршениот претрес што го извршила полицијата, пронајдено е и запленето следното количество дрога: 437 таблети XTЦ , 220,3 грама кокаин, 270,9 грама метамфетамин, 159,4 грама канабис. Истрагата за идентификување на нивните контакти продолжува, пишува порталот.

Ги предал либанскиот диџеј

„Во полициската акција властите уапсија и либански диџеј кој бил клиент на скопскиот картел за кокаин. 36-годишниот жител на Атина, кој потекнува од добро ситуирано семејство и вообичаено летува на Миконос, поседувал 3,7 грама кокаин. Тој, всушност, во изјавата што ја дал во полиција тврдел дека дрогата ја набавил од криминалната група“, пишува порталот.

Која е 21-годишната инфлуенсерка од Македонија

Грчкиот портал покрај оваа вест објави и серија фотографии од млада инфлуенсерка кои според проверката од „Слободен печат“ се преземени од профилот на извесна Оле П. но нејзините иницијали не се наведени во објавата на порталот со наслов „Миконос: Откриен кокаински „картелот“ од Северна Македонија – меѓу нив и 21-годишна инфлуенсерка“.

инфлуенсерка миконос оле петрова (1)
Фото: Принтскрин / protothema.gr

Оле, чии фотографии осамнаа на грчкиот портал е млада македонска манекенка пред која стои успешна кариера како модел и манекенка и која ја нарекуваа „македонската Парис Хилтон“ откако на социјалните мрежи направи жешка фотосесија во креациите на позната македонска дизајнерката во ноември минатата година. Таа, според неофицијални извори  е ќерка на екс пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и екс градоначалник на Велес.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести