По донесената одлука за преговарачката рамка, од СДСМ ширеа знамиња на ЕУ во Собранието и со аплауз го поздравија своето гласаање со кое се задолжува Владата да го продолжи процесот на преговори со ЕУ.

Објавил: Перо Милчин | 16 јули, 2022 13:56

ВИДЕО: СДСМ и сите партии на Албанците ги изгласаа заклучоците за францускиот предлог

Фото/Текст извор: ©a1 on

Собранието ги усвои предложените заклучоци со 68 гласа откако ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската сала.

По донесената одлука за преговарачката рамка, од СДСМ ширеа знамиња на ЕУ во Собранието и со аплауз го поздравија своето гласаање со кое се задолжува Владата да го продолжи процесот на преговори со ЕУ.

Атмосферата во изминатите два дена и денеска беше пропратена со прозивки, тензии, обвинуцвања и навреди. ВМРО-ДПМНЕ и Левица бараа отфрлањее на предлогот зашто со тоа според нив се врши асимилација, а СДСМ тврдеше дека се заштитени македонскиот јазик и идентитетот.

Во усвоениот текст пишува дека Собранието поаѓајќи од стратешките интереи за членство во ЕУ ја задолжува Владата да продолжи со преговорите со ЕУ за да се одблокираат преговорите.

Се задолжува Владата преку државната делегација за преговори, МНР и експертскиот тим доследно да се придржува за почитување на јазичните, идентитетските и историските посебности.

Понатаму се наведува дека се задолжува Вадата во преговарачката рамка македонскиот јазик да биде без фусноти, при склучување на било какви договори како со ФРОНТЕКС истите да се потпишат со наведување на македонски јазик без никакви додавки и фусноти.

Пишува и дека Владата не смее да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа што е наведено во преговарачката рамка.

Со правдање дека не е се уште потпишан, Владата не го покажа она што јавноста цело време го бараше-Протоколот, за кој се смета дека ги содржи сите бугарски барања односно дека во его се наведува исполнувањето на нивните желби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести