Македонците со порака до власта и во Скопје и во Атина: "Велат не нема, ама еве сме, со мерак сред Солун оро играме"

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 10:24

(Видео) Македонците од Грција со порака: “Не има. Играме оро на сред Солун”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Не сме за продавање, не сме Грци и не сме Бугари. Ние сме Македонци, да живее Македонија. Ние Македонците во Македонија и од цел свет сме со вас таму!

Вака гласи еден од стотиците коментари на видеото објавено на Фејсбук на кое се вели дека во Солун се игра и пее македонско оро и песна. Од таму преку песна порачуваат: Велат не нема? Ама еве сме, со мерак сред Солун оро играме.

Видеото кое е постирано на Фејсбук, за кратко време има повеќе илјади прегледи. А слични има и од други места од Егејска Македонија, каде што има масовна посета на слични настани.

Честопати на Фејсбук, освен од Грција, може да се видат видеа од народни веселби во Турција, каде што се пее и негува македонската песна и игра од потомци на иселените од Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести