Заев кога сака, сепак се меша во работата на судовите, па така по кратка постапка, побара Уставен суд на Македонија, да не ја прифаќа иницијативата на адвокатот на Груевски

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 октомври, 2018 7:41

Владата бара Уставен да не прифаќа иницијатива од адвокатот на Груевски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Владата му предложи на Уставниот суд да не ја прифати иницијативата на адвокатот Еленко Миланов за поведување постапка за оценување на уставноста на член од Кривичниот законик.

Според Владата, ваквата иницијатива на адвокатот на поранешниот премиерот Никола Груевски, на поранешниот министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и на други обвинети во предмети на СЈО има цел да им се овозможи на обвинетите да избегнат кривична одговорност.

Владата донесе одлука да му предложи на Уставниот суд да не ја прифати иницијативата поднесена од Еленко Миланов од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија, за поведување постапка за оценување на уставноста на член 196 од Законот за изменувањето и дополнувањето на Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.19/2004) и член 100, став 2 од Законот за изменувањето и дополнувањето на Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.114/2009).

Владата му предложи на Уставниот суд да не ја прифати иницијативата со цел да се оневозможи избегнување одговорност за сторени кривични дела од страна на високи функционери за кои се води постапка од страна на специјалното јавно обвинителство“, се вели во соопштението од Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести