Откако претседателот на МАНУ, академик Таки Фити го промени ставот за Договорот од Преспа, неговата ќерка Нина Фити стана македонски претставник во Светска Банка

Објавил: Мартин Попоски | 5 октомври, 2018 14:47

Владата ја испрати ќерката на Таки Фити како претставник на Македонија во Светска банка

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Како претставник на Македонија во Светска банка Владата ја испратила Нина Фити, ќерка на академик Таки Фити, кој го поддржа Договорот со Грција.

Ова го изјавија денеска од ВМРО – ДПМНЕ од каде прашуваат дали тоа е причина за неговата отворена поддршка пред одржување на референдумот.

Од партијата обвинуваат дека вработувањето на Нина Фити во Светка банка кореспонедира со менувањето на ставот на Фити за промена на името.

Академик Таки Фити беше изразито против промена на името и уставот и го нарекуваше обезличување на македонскиот народ, а наеднаш го промени ставот и рече дека промената на Уставот за него е прифатлива работа. “Ерга омнес никако не смее да се прифати, менувањето на Уставот е обезличување на Македонците” – рече Тачи пред три месеци, за подоцна дијаметрелно да го промени ставот: “Постигнато е она што беше релевантно за МАНУ, тоа се идентитетските прашања, јазикот, нацијата и културата.” – изјавија денеска од ВМРО – ДПМНЕ.

Од таму порачаа дека Владата е должна да одговори дали Нина Фити е вработена како претставник на Македонија во Светска банка и дали тоа е главна причина за промена на ставот на академикот?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.