IF THEY CHANGE THE NAME, I WILL GO TO THE MOUNTAINS AND FIGHT WITH THE GUERILLAS!

Објавил: Македонка Димкин | 21 јануари, 2019 23:27

Владимир Милчин: Ако (ни) го сменат името, јас ќе појдам в планина и ќе се борам со герилата

Фото/Текст извор: ©фесјбук / магазин

IF THEY CHANGE THE NAME, I WILL GO TO THE MOUNTAINS AND FIGHT WITH THE GUERILLAS! Потсетување што тоа напипша Владимир Милчин на 26 јануари 2018 на својот фејсбук профил.

“If they change the name, I will go to the mountains and fight with the guerillas!” или на македонски: Ако (ни) го сменат името, јас ќе појдам в планина и ќе се борам со герилата! Ова беше одговорoт на Владимир Милчин на прашањето на американската новинарка Кони Брук што ќе направи Владимир Милчин доколку го сменат името на државата.

Новинарката за време на грчкото ембарго деведесеттите години престојуваше во Грција и Македонија и потоа објави жестока статија против Сорос во угледниот неделник Newyorker поради неговата поддршка на Република Македонија. Во статијата е цитиран и мојот одговор. 

За љубопитните и неверните Томчиња, ако им треба проверка, новинарката се вика Connie Bruck, а статијата има наслов “The World According To Soros”. 

Новинарката не ги извртела моите зборови, ги цитирала речиси апсолутно прецизно, но подлажала каде се случило тоа. Напишала дека тоа се случило во канцеларијата на премиерот Црвенковски каде што тој и јас, така вели таа, сме инсистирале дека за името не се преговара.


Да, таа беше кај Црвенковски и тој веројатно го кажал тоа, но мојата реченица јас ја изговорив во присуство на д-р Иван Тулевски, во ресторанот “Прљаво казалиште” во кој разговаравме со новинарката како луѓе од граѓанското општество. 
Така зборував јас пред 24 години.


И не за по дома. Тогаш во нашето соседство имаше само една земја членка на НАТО и ЕУ. Тоа беше Грција. Денес има четири земји членки на НАТО (Грција, Бугарија, Црна Гора и Албанија), две земји членки на ЕУ (Грција и Бугарија), а има и една нова држава – Косово.

П.С. Сорос не ме отпушти поради изјавата, како што очекуваа мнозина. Кога се видовме (го имаше неделникот в рака) ми рече: И јас би го рекол истото!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...