Метеролозите најавија дека денеска ќе имаме Сончево и топло, со слаб до умерен ветер од јужен правец, максимална температура до 38 степени и УВ индекс 9. Вакво ќе биде времето денеска, а од утре, под влијание на многу топла воздушна маса, се очекуваат над 40 степени и активирање на т.н. портокалова фаза.

Објавил: Весна Петровска | 7 август, 2019 9:37

ВНИМАВАЈТЕ, МАКЕДОНИЈА Е ВО ПОРТОКАЛОВА ФАЗА: Овие препораки мора да ги почитувате

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Македонија денеска е во портокалова фаза, се препорачува да се одбегнува директно изложување на сонце.

Метеролозите најавија дека денеска ќе имаме Сончево и топло, со слаб до умерен ветер од јужен правец, максимална температура до 38 степени и УВ индекс 9. Вакво ќе биде времето денеска, а од утре, под влијание на многу топла воздушна маса, се очекуваат над 40 степени и активирање на т.н. портокалова фаза.

Според УХМР, само во петок ќе има извесно зголемување на облачноста.

Земјава во портокалова фаза, дa са избегнува директно изложување на сонце

Надлежните апелираат, поради најавените високи температури, да се почитуваат препораките за заштита, не само за неизложување на директно сончево зрачење, туку и за внимателно консумирање храна, правилно однесување при движење на отворено и во природа, како и правилен третман на домашните, фармски животни.

-Граѓаните да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да носат заштитни очила и капа, да конзумираат лесна храна и течности, да внимаваат при подготовка и конзумирање на храната, да избегнуваат термички необработени производи како мајонез од домашни јајца, внимателно да консумираат сладолед и разни кремови, да внесуваат поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, а пред влегување во возило, одреден период да го проветрат, истакнуваат надлежните.

Исто така се препорачува хронично болните и трудниците да не излегуваат од дома, а оние кои мораат да бидат надвор се препорачува да бидат облечени во светли бои и да се конзумира многу вода.

Исто така и АХВ предупредува на овие топли денови да се внимава на конзумирањето на храна за да не дојде до труење. И овошјето и зеленчукот да се измие со млаз вода пред конзумирање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...