Во текот на новата недела исто така на некои места се очекува да падне значително количество на воден талог со што има услови и за локални поплавувања.

Објавил: Перо Милчин | 16 јуни, 2019 14:51

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Се очекува силно невреме!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Македонија од денес па натаму влегува во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА поради големото дестабилизирање на атмосферата кое се очекува уште од денес попладне и навечер кога се очекува развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради многу загреаната атмосфера и исполнета со енегија локално процесите се очекува да бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.

И во следните денови ќе има честа појава на нестабилност на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ со обилен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во текот на новата недела исто така на некои места се очекува да падне значително количество на воден талог со што има услови и за локални поплавувања.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Атмосферата многу ќе се дестабилизира па така од денес па во следниот период во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Температурите на воздухо ќе бележат тенденција на мал пад што значи и понатаму ќе продолжат летните температури на воздухот па токму поради тоа и условите за невреме ќе бидат многу големи, односно индексот на нестабилност ќе биде многу висок и ќе изнесува дури и над 1500 J/KG.
Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...