Максималните дневни температури на воздухот и понатаму ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 август, 2019 20:36

ВОНРЕДНА НАЈАВА НА ВРЕМЕТО: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Од утре па се до вторник нашата територија ќе биде под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од југ, во исто време ќе бидеме и под влијание на нестабилна воздушна маса која особено во попладневните часови ќе условува зголемена облачност и развој на нестабилност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално поради загреаната атмосфера има услови процесите да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер како и со појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот и понатаму ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.

Поради релативно високата влажност на воздухот но и поради нестабилноста понатаму ќе растат условите за позначителна спарина која особено кај метеопатите може да создава и здравствени проблеми.

Исто така во атмосферата се наоѓа и незначително количество на Сахарска прашина и песок па така таму кај што ќе се појават врнежите дожот ќе остави траги на нечистотија.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...