Во најголем дел од Европа ЗЛАТКА условува многу нестабилно и врнежливо време.

Објавил: Перо Милчин | 3 ноември, 2019 19:28

ВРНЕЖИ И ЗАСИЛЕН ВЕТАР: Од запад доаѓа ПОГОЛЕМ влажен бран, следуваат обилни врнежи!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Територијата на нашата држава се наоѓа под влијание на циклонот ЗЛАТКА, кој понатаму од запад ќе услови во нашата држава да навлезе поголем влажен бран, па така утре врнежи од дожд ќе има во најголем дел од државава.

Локално и тоа особено на запад врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ а не се исклучува можноста и за локална нестабилност проследена со појава на грмежи.

На повеќе места ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец кој локално повремено ќе биде и СИЛЕН и ќе достигнува брзина од над 80 км/час па така во ваква ситуација за секој случај граѓаните да бидат претпазливи каде и како се движат. Локално исто така ќе наврне и позначително количество на воден талог и тоа на запад (над 30 л/м2).
Потоа во вторник ќе има стабилизација на временската состојба , намалување на облачноста и ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ на температурите на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени и истите ќе бидат над просекот за овој дел од годината.

Повеќе облаци повторно ќе има во среда кога на запад ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд а од сега гледано нов бран на врнежи ќе има во четврток особено попладне и навечер кон петок.
Инаку во најголем дел од Европа ЗЛАТКА условува многу нестабилно и врнежливо време.

Славчо Поповски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...