Со свој став денеска на социјалните мрежи се произнесе и поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски.

Објавил: Перо Милчин | 24 септември, 2021 20:24

Георгиевски: Пред бугарската фашистичка окупација, 23 години бевме под српска!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во јавноста се појавија големи реакции откако премиерот Зоран Заев најави дека зборот бугарски ќе биде отстранет од учебници и споменици каде се споменува бугарскиот фашистички окупатор.

Денеска на социјалните мрежи се изјасни и поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски.

„А еден да напишеше дека пред бугарската фашистичка окупација имаше 23 години српска окупација во Југославија занданата на народите. Во која ние бевме Вардарска бановина а ние јужно србијанци“, вели Георгиевски!

Ќе се брише „бугарски“ пред фашистички окупатор 

Голем дел од спомениците што ги има и во Бугарија и во Северна Македонија, како треба да бидат во пријателски дух, така што фашизмот не смее да има етничка димензија. 

Кај одредени наши споменици тоа е веќе направено. Каде што стоело бугарски фашистички окупатор сега веќе е фашистички окупатор, затоа што не можете цела нација да обвините за тоа дека учествувала во Третиот рајх во тоа време“, рече Заев. 

Измени и во учебниците 

Во однос на тоа дали ќе се менуваат учебниците по историја, премиерот посочи на термини каде што, „пријателската нација се поврзува со фашистичкиот окупатор“. 

Никаде во Европа не се спомнува името на нацијата. Се спомнува фашистичкиот окупатор и во тој дух, во духот на пријателството, соработка и добрососедство, нормално, очекуваме тоа да се направи. Имаме препознаено одредени слабости и во бугарските учебници, спремни се, исто така, и од бугарската страна тоа да го направат, зашто така се гради пријателство, наместо да оквалификувате цела една нација за одредена определба во тоа време“, вели Заев. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести