Гостите на свадбата ги забавувале Хари Мата Хари, Милица Павловиќ, Александра Пријовиќ и Аца Пејовиќ.

Објавил: admin@magazin | 22 септември, 2019 18:57

Гламурозна венчаница од 7.000 евра: Снаата од Мило Ѓукановиќ блескаше на свадбата-ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и неговата сопруга Лидија го оженија вчера синот единец во ексклузивното летувалиште Свети Стефан.

Избраничката на Блажо Џукановиќ е Милена Поповиќ од Зета. Како што пренесува српски Ало, таа на свадбата блескала во долга бела венчаница од неверојатни 7.000 евра со длабок шлиц, која ја истакнала нејзината витка линија.

На свадбата имало 400 гости, 200 од страната на невестата, 200 од кај младоженецот.

Секој гостин добил бела роза, која имала посебна симболика.

Гостите на свадбата ги забавувале Хари Мата Хари, Милица Павловиќ, Александра Пријовиќ и Аца Пејовиќ. Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ беше еден од највеселите на свадбата на неговиот син Блажо која се одржа синоќа на Св.Стефан. 

Milena на свадбата блескала во долга бела венчаница од 7.000 евра со длабок шлиц, која ја истакнала нејзината витка фигура.

Мило Ѓукановиќ е поранешен претседател и премиер на Црна Гора. Џукановиќ отслужи три последователни мандати како премиер од 1991 до 1998 година ( 1991-1993, 1993-1996 и 1996-1998) , а беше и тогашен претседател од 1998 до 2002 година и повторно премиер во 2003год. до 2008 год. Иако при крајот на 2006год. тој одлучи да се повлече, во февруари 2008год. се врати на функција како премиер. Неговата коалиција победи на изборите во 2009год. со целосно мнозинство обезбедувајќи го шестиот мандат. Тој се повлече од функција како премиер во декември 2010год.

Џукановиќ е исто така долгогодишен претседател на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора, првенствено црногорска бранша на Југословенската комунистичка партија, која ја води Црна Гора од воведувањето на повеќепартискиот систем.

Тој е контроверзен поради неговата улога во деведесетите години и поради постојаното високо ниво на влијателност во политичкиот живот на Црна Гора. Кога Џукановиќ на млади години се појави на политичката сцена беше близок соработник на Слободан Милошевич.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Стил

Градот Скопје посветено работи на обезбедување на функционална животна средина за граѓаните во Скопје, која ќе подразбира квалитетна инфраструктура со доволно зеленило, со цел граѓаните да можат со уживање да ги спроведуваат своите редовни секојдневни активности.

ГРАД СКОПЈЕ УРЕДУВА УШТЕ ЕДЕН НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР ВО АЕРОДРОМ

Денеска започнува уредувањето на последната од вкупно 4 локации кои се дел од иницијативата...

Доколку останете без идеи за стајлинг, секогаш внимавајте на комбинациите на Брижит Макрон. Никогаш не греши.

Брижит Макрон знае како да ги воодушеви модните критичари: Во овој стајлинг секоја жена изгледа барем 5 кг послаба(ФОТО)

Првата дама на Франција, Брижит Макрон и нејзиниот сопруг Емануел го посетија центарот...

Моделот што го носеше убавата струмичанка се истакнува со еден ефектен детаљ – прерамка само на едно раме, а токму тоа важи за водечки тренд и ова лето.

Ќерката на Зоран Заев со овој модел на кocтим за капење ги сpyши СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи – еве зошто го обожаваат сите!

Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра Заева покажа пред своите верни следбеници...