Утре во Куманово ќе се гласа на 167 избирачки места, а гласачкиот материјал веќе е соодветно обезбеден на избирачките места.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 мај, 2019 12:36

Гласање во Куманово: 134 болни и изнемоштени лица денека ќе го остварат правото на глас!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска вкупно 134 болни и изнемоштени лица ќе го остварат правото на глас во вториот круг од претседателските избори.

Потпретседателот на ОИК Куманово, Ајрула Керими рече дека малку е зголемена бројката на пријавени гласачи во вториот круг од претседателските избори. Тој изјави дека гласањето е при крај и се одвива непречено без никакви проблеми.

Денеска во Куманово право на глас имаат и осудениците кои својата санкција ја извршуваат во Казнено-поправната установа Затвор Куманово во селото К’шање.

Утре во Куманово ќе се гласа на 167 избирачки места, а гласачкиот материјал веќе е соодветно обезбеден на избирачките места.

Осум болни и изнемоштени лица кои претходно поднеле барање до Државната изборна комисија денеска го остварија своето право на глас, инфомираше Драган Јовановски, претседател на ОИК Старо Нагоричане. Во текот на утрешниот ден право на глас во општината Старо Нагоричане ќе имаат вкупно 3.329 лица. 

 Во Општина Липково утре на 30 избирачки места своето право на глас за нов претседател на таа Општина,  ќе можат да го остварат вкупно 25.360 лица, изјави Лирим Јашари, претседател на Општинска изборна комисија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести