Противпожарните единици само го "контролираат" пожарот од безбедба оддалеченост, затоа што во фабриката има плински боци и контејнери со ацетон

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 12:49

Голем пожар во Австралија, училиштата затворени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Голем пожар во хемиска фабрика во Мелбурн предизвика затворање на неколку училишта, а властите го предупредија населението на 11 региони да не ги напуштаат домовите поради токсичниот чад.

На местото на настанот се слушнати и повеќе експлозии. Со пожарот во вториот по големина австралиски град се борат над 100 пожарникари и 30 единици техника. Пожарот во фабриката, која произведува хемикалии почнал во 5 часот изутрина по локално време.

– Имаше доста експлозии. Експлодираа контејнери од 44 галони и летаа низ воздухот, што грижа за нашите пожарникари, соопшти претставник на противпожарната служба.

Засега пожарникарите успеале да спречат ширење на огнот кон блиските индустриски објекти, но се уште не е можно да почнат со гаснење на пожарот во самиот објект поради опасност од експлозија на плински боци и контејнери со ацетон, кои се наоѓаат во магацините.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести