Според Грчев пренаменувањето на овој споменик нема никаква смисла.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 февруари, 2020 19:13

Грчев: Споменикот на Мајка Тереза е фашистички од времето на нашето ропство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување во емисијата Утрински брифинг на Слободна ТВ, архитект и советник во Министерството за култура, кој претходно работеше и како советник на Заев истакна дека споменикот на Мајка Тереза кој треба да се гради на плоштадот Македонија е фашистички споменик.

Грчев во Утрински Брифинг рече дека не само споменикот на Мајка Тереза , туку сите споменици од проектот „Скопје 2014“ се споменици во слава на ултранационалистичка преродбеничка и фашистичка диктатура.

Според Грчев пренаменувањето на овој споменик нема никаква смисла.

– Мене информацијата дека ќе се пренаменува споменикот ме затекна. Нема никаква смисла една дивоградба која е симбол на владеење на неправо, еден фашистички споменик да не биде срушен.Толерирањето на постоењето на овие споменици е толерирање на Скопје 2014, кој претставува историски дебакл на една цивилизација. Не може да израсне тумор на сред улица, на јавен простор во центарот на метрополота. Овој споменик не е споменик на Мајка Тереза туку споменик на диктаторство од фашистичко компрадорска провиниенција и споменик на нашето подаништво и ропска свест, затоа што не знаевме ни тогаш ни сега да застанеме против тоа, вели Грчев.

Според Грчев не само споменикот на Мајка Тереза , туку сите споменици од проектот „Скопје 2014“ се споменици во слава на ултранационалистичка преродбеничка и фашистичка диктатура.

Мирослав Грчев (1955, Скопје) е македонски архитект, графички дизајнер и карикатурист. Грчев е познат по тоа што го дизајнирал државното знаме на Македонија и најпознатиот македонски национален грб, кој воедно бил предлог грб на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести