СДСМ и БЕСА во сојуз, ВМРО-ДПМНЕ во самостојна борба за гласови.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 6 март, 2020 19:31

Дали новите парламентарни избори покажуваат дека сме на прагот на нови меѓуетнички судири?

Фото/Текст извор: ©магазин

СДСМ и БЕСА официјално настапуваат како сојуз. Во јавноста излегуваат на заеднички прес – конференции кои се двојазични и кои ги водат генералните секретари на СДСМ и БЕСА – Љупчо Николовски и Адријан Хоџа. На првата заедничка прес-конференција за медиуми, генералните секретари на двете сојузнички партии за парламентарните избори, нагласија дека нивните очекувања се дека токму во изборната единица 6 ќе добијат најмногу гласови. Ова изборна единица според демографската структура ја сочинува доминантно албанско население. Очекувано е зошто албанска политичка партија како што е БЕСА во овој дел очекува најмногу гласови, но не е очекувано што македонска политичка партија очекува токму во ова изборна единица најмногу подршка.

На тв дуелот „Само вистина“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев му посочи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека национализмот веќе нема да им помине и дека поради тој национализам имаат „компир гласови во Теарце“.

Веројатно изјавата на Зоран Заев дека СДСМ не е само македонска партија вродуваат со плод кога треба да се кокетира со албанскиот електорат. Досега, изборите покажаа дека албанските гласови најчесто завршуваат кај кандидатските листи на СДСМ. На што се должи омиленоста на ова политичка партија меѓу албанскиот блок – е прашање на кое треба да се размислува.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија во која се застапени многу етнички заедници, но не и албанската. Од СДСМ обвинуваат дека ВРМО-ДПМНЕ води националистичка политика која е поразителна за добрите меѓуетнички односи. На тв дуелот „Само вистина“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев му посочи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека национализмот веќе нема да им помине и дека поради тој национализам имаат „компир гласови во Теарце“.

Факт е дека меѓуетничките односи се неизгаснето жариште. Особено после провокациите од албанските политичари кои стигнуваат на сметка на промена на имињата на двете училишта во Чаир. Денеска Артан Груби од ДУИ испрати јасна порака дека промената на името на училиштето „Никола Вапцаров“ ја гледа како лична победа. Тоа долеа масло на огнот со однос на тоа дека страстите во јавноста сеуште не беа стивнати.

Кој е виновен за ваквите чести судири на меѓуетничко ниво? Дали партиите од македонскиот блок? Едните се попопусливи, а другите се премногу ригидни? Дали можеби албанските партии се тие кои не сакаат да соработуваат и секогаш имаат премногу барања како за застапнички на малцинско население? Можеби е вината во мнозинското население кое дозолува терор на малцинството или обратно? Можеби само меѓународниот фактор игра голема улога во тоа какви ќе бидат односите помеѓу етникумите во Македонија?

Кој и да е виновен, факт е дека на овие парламентарни избори ќе се кршат меѓуетничките копја, додека СДСМ дефинитивно се претвора во проалбанска партија.

Автор: Стојмановиќ Магдалена   

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...