На денешната пресконференција во 20:00 часот, претседателот на ДИК, Александар Даштевски соопшти дека во две општини ќе се повтори целата изборна постапка.
Во две општини Центар Жупа и Маврово и Ростуша заради неисполнување на законскиот услов од една третина од запишаните гласачи да излегле на гласање ќе се повтори целата изборна постапка чл.132 ст.2 од Изборниот законик, соопшти Даштевски.
Во првиот изборен круг победник е ВМРО-ДПМНЕ која доби 21 градоначалник. СДСМ во првиот круг освои 9 градоначалнички места, ДУИ слави во 3 општини, а Демократската партија на Турците во една општина.
Вториот изборен круг ќе биде неизвесен во 47 општини, ВМРО-ДПМНЕ влегува со предност од првиот круг во 16 општини, додека СДСМ во 15. На локалните избори во 2017 година СДСМ освои 57 градоначалнички места, ДУИ – 10, ВМРО – 5, Алијанса за Албанците – 3, Беса, ДПА, ДПТ и три групи избирачи по едно градоначалничко место.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.