И тој и неговото семејство беа загрижени и не веруваа, со оглед на неговата возраст, дека ќе се опорави.

Објавил: admin@magazin | 2 јануари, 2021 19:20

ДЕДО(104)СЕ ИЗЛЕЧИ ОД КОРОНА, А СЕГА ИМА ГОЛЕМИ ПЛАНОВИ: Тој ќе прави огромна роденденска забава, но тоа не е сè

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Роман Арменио Сантучи по опоравувањето од корона вирусот има големи планови за оваа година – патување во Индија или Африка и планира да организира голема роденденска забава, бидејќи во декември, поради вирусот корона, тој само симболично го прослави својот 104 роденден, пишува онлајн весникот “Забавна страница”.

Г-дин Сантучи е згрижен во дом за стари лица каде што престојува веќе некое време.

И тој и неговото семејство беа загрижени и не веруваа, со оглед на неговата возраст, дека ќе се опорави.

По неколку дена со треска, сега сум добро, станав, одам сам, добро сум и сега само чекам лекарот да ми каже дека сум закрепнал и дека можам да си одам вели тој!

Докторката Стефанија, која го следи закрепнувањето на Сантучи, вели дека тој, како пациент е добар и дека процесот на опоравување е ист како и кај другите кои лежеле и се опоравувале од коронавирусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.