На 19 декември сите православни христијани во Македонија го слават Свети Никола Чудотворец. Оваа слава е една од најголемите слави во Македонија.

Објавил: Весна Петровска | 19 декември, 2022 4:35

Денеска е Свети Никола — најголемата Македонска слава

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска на 19 декември, сите православни христијани го слават Свети Никола – Чудотворец, кој во народот е познат како, све­те­цот, кој е заш­тит­ник на де­цата, мо­реп­лов­ците, де­вој­ките, си­ро­маш­ните, уче­ни­ците, пе­ка­рите, ап­те­ка­рите, тр­гов­ците, пат­ни­ците.

Свети Никола е роден е во Патара, Ликија, Мала Азија околу 270 година, како единствено дете на неговите родители Теофан и Нина. При неговото крстење го добил името Никола кое во превод значи народен победник. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на Светото Писмо.
Неговиот духовен живот го стекнал преку неговиот чичко кој исто така бил црковно лице, замонашувајќи се во манастирот Нов Сион. По смртта на своите родители, Никола го продал целиот свој наследен имот и парите од продажбата ги поделил помеѓу сиромасите.

Базиликата Свети Никола во Бари, Италија, каде што се наоѓаат најголемиот дел од моштите на Свети Никола

Додека бил свештеник во својот роден крај, се прочул со делата на својата милостиња. Христијаните веруваат дека му се јавил гласот на Господ кој му рекол: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ . Набргу потоа бил избран за архиепископ на градот Мира, денешна Турција.
Во времето на царот Диоклецијан и Максимијан, кога христијанското население било прогонувано, мачено и затворано, истото му се случило и нему. Со доаѓањето на власт на Константин I Велики, престанало и прогонувањето на христијаните кои во исто време

добиле и рамноправно место во Римското Царство. Присуствувал на Првиот вселенски собор во Никеја, каде се залагал за воведувањето на светото тројство. Поради голема ревност го удрил александрискиот свештеник Ариј.

Уште додека бил жив, луѓето го сметале за светител и го повикувале на помош од страна на болните, несреќните и немоќните. Христијаните веруваат дека тој помагал на сите повици и дека од неговото лице сјаело светлост. Во својата старост се разболел и починал на 6 декември 343 година.

По ова, тој бил оптужен за ерес, бил прогонет од самиот собор и му било забрането понатамошно присуство на собирите. Според христијанската традиција на Свети Никола му било одобрено повторно присуство на црковните собири, поради јавувањето на Бог на избраните архиери велејќи им дека сториле голема неправда.
Уште додека бил жив, луѓето го сметале за светител и го повикувале на помош од страна на болните, несреќните и немоќните.

Во Македонија има повеќе цркви од Свети Никола.Култот на Св. Никола е познат од VI век, а најстарото житие за него потекнува од IX век. Важел за заштитник на целото население и од целиот свет, поради што високо го ценат сите христијани

Христијаните веруваат дека тој помагал на сите повици и дека од неговото лице сјаело светлост. Во својата старост се разболел и починал на 6 декември 343 година.

Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите.

Во Германија, Холандија и Белгија се празнува како детски празник кога децата добиваат разни поклони во зависност од тоа кој колку бил послушен во текот на изминатата година. Заштитник на градот Амстердам, Руската федерација и Грција. Во грчкиот фолклор, Свети Никола се опишува како „Господар на морето“. Православната црква го смета за еден од најголемите и најпочитуваните светци. Градот Мира денеска го носи името Демре во Турција. Самите турци Свети Никола го препознаваат како Неол Баба.

Во христијанскиот календар, Свети Никола се слави на 6 декември според новиот Грегоријански календар т.е. на 19 декември, според стариот Јулијански календар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Се верува дека историскиот, социјалниот и политичкиот подем на Русија на светската сцена дојде со нејзиното  пристигнување во Русија и затоа оваа држава има водечка улога во православниот свет.

ОВАА ИКОНА НА МАЈКА БОГОРОДИЦА ТРИ ПАТИ ЈА СПАСИЛА РУСИЈА: Таа е заштитник на Русите!!

Иконата на Богородица Владимирска е една од најпочитуваните и светите икони на Православната...