Пописот ќе се реализира по високи стандарди коишто ги налага Евростат, при што ќе се избегнат сите можности за злоупотреба.

Објавил: admin@magazin | 29 мај, 2019 21:34

ДЗС: Пописот е најавен за април и ќе ја чини државата 8,5 милиони евра!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Како што информираше директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, пописот на населението ќе се спроведе од 1 до 21 април 2020 година, за што ќе бидат издвоени 8,5 милиони евра од државниот буџет.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во врска со пописот рече дека целата постапка ќе биде комбинирана, по електронски пат и со теренско попишување. Директорот информираше дека исто како во 2011 година, и овој пат ќе ги има сите графи за демографска, образовна, културолошка и за етничка припадност.

Според оперативниот план на Заводот за статистика, конечните резултати од пописот можат да се очекуваат по шест месеци од завршувањето на процедурата, односно во септември 2020 година.

– Пописот ќе се реализира по високи стандарди коишто ги налага Евростат, при што ќе се избегнат сите можности за злоупотреба. Софтверското решение коешто ќе биде изготвено, ќе ги препознава личните податоци на граѓаните кои веќе еднаш се внесени, со што ќе се онезможи ист граѓанин да се регистрира двапати. Во пракса ова значи дека ќе има попишување со помош на веб-апликација и теренско попишување. Државата ќе биде поделена на 45 пописни реони, а во целата операција ќе учествуваат 6.000 попишувачи – исткана Симовски.

Граѓаните кои се наоѓаат во дијаспората ќе се попишуваат исклучиво по електронски пат, што значи дека нема да се издвојуваат средства за да се испратат попишувачи надвор од земјава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...